Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата одлучи: Новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани

0
By Менче Атанасова Точи on March 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација во близина на Злокуќани на потегот кон Психијатриската болница во Бардовци. Старата локација во кругот на клиничкиот блок дефинитивно  отпаѓа бидејќи не е најдоброто место за функционирање.  Вака одлучи Владата по долги консултации и по разгледување на повеќе локации за избор на најдобро можно решение на овој капитален објект.

„ Местото каде што е сега Клиничкиот центар е угушено. На тоа место дури и со новиот проект немаше да се постигне добро сообраќајно решение. Немаше да има доволно паркинг места и улицата Водњанска и натаму ќе останеше тесно грло особено за граѓаните кои живеат во околината, а истовремено немаше да обезбеди добар пристап до болничката услуга. Новиот проект немаше да ни обезбеди модерен Клинички центар како во развиените земји.“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција во Владата.

Новиот Клинички центар ќе се гради на површина од 84 хектари и во него покрај големиот објект со сите клиники, предвидено е и Медицински факултет и кампус за студентите на медицина, како и истражувачки центар.

„Локацијата е во населбата Бардовци, многу блиску до Психијатриската болница. Се планира да се направат пристапни патишта. Ќе има пат кој ќе тргнува од населбата Карпош и ќе оди директно до Клиничкиот центар и се планира нова улица, тоа е продолжение на улицата Железничка, која ќе продолжи кон правец на Ѓорче Петров и ќе поминува точно каде што планираме да се смести овој објект. Ова го направивме во консултации со Асоцијацијата на архитекти, кои ни дадоа професионално и издржано решение“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека ќе преговараат со Банката на советот на Европа за да се најде решение да не се плаќа оштета, но дури да се плати ова решение ќе излезе поисплатливо од претходното бидејќи го решава трајно проблемот. Со тоа отпаѓаат и сите потрошени пари за досегашниот проект, од кои само на проектанската куќа АРЕН СРЛ и беа исплатени 1,3 милиони евра. Изградбата е предвидена со урбанистичкиот план од 2012 година. Од Владата сметаат дека проценките се дека за 1 до 1, 5 година ќе бидат направени подготовките за изградба, а самиот објект да биде завршен за 4 до 5 години.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев рече дека земјиштето е комбинирано и државно и приватно и бидејќи веќе постои урбанистички план  нема да има проблем.

„Има начин како тоа да се регулира. Со генералниот урбанистички план од 2012 година тука е предвидено простор за здравството и приватните сопственици нема да можат да градат“, рече Богоев.

Затоа време додека се гради новиот Клинички центар на местото на старата гинекологија каде што сега има дупка и кое беше предвидено за нов Клинички центар ќе никне монтажна гаража за да се реши проблемот со паркирање на возилата.

„Работиме и на подобрување на сообраќајното решение во Клиничкиот центар каде што е сега. Со градот Скопје веќе имаме изготвено едно решение за влез на возила, но и за проток на возилата. Ќе обезбедиме посебна лента за Брзата помош, на плацот за градба се надевам дека ќе успееме да изградиме и монтажна катна гаража за да се олесни протокот на возила“, рече Филипче.

Министерот Филипче најави дека во клиниките каде што е потребно ќе има мали корекции или реновирања за да им се овозможи подобри  услови на пациентите и на медицинскиот персонал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.