Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата подготви план за борба против дезинформациите и лажните вести

0
By Нова ТВ on July 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата изготви Акциски план за справување со дезинформациите кој се состои од проекти, мерки и препораки за борба со дезинформации, врз основа на мерките на ЕК, Секторот за комуникации на НАТО и Комитетот на експерти за квалитетно новинарсвто при Советот на Европа. Во овој проект е вклучени Британската Влада преку професионализација на комуникациите на Владата и пи – ар службите, УСАИД и  европската мрежа за дигитална дипломатија поддржана од Стејт Департментот на САД.

-Дезинформациите се еден од главните предизвици за демократијата во 2019 година и алатка за манипулација со граѓаните. Злоупотребата на технологијата за креирање лажни ентитети и  непостоечки измислени случувања станаа сериозен упад во демократските и изборните процеси и сериозно се закануваат да влијаат на довербата на граѓаните во институциите и медиумите, рече на денешната прес-конференција премиерот Заев претставувајќи го Планот.

Тој додаде дека земјава во изминатите две години во повеќе наврати се соочила со масовно ширење дезинформации на социјалните мрежи и на традиционалните медиуми, а, како што рече, дел од информациите биле споделувани и од територии на други држави.

-Како одговор на овие сајбер закани и согласно заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност Владата работи на Акциски план за справување со дезинформациите на системско ниво. Наша цел е да ја зајакнеме нацоналната безбедност и сигурноста на граѓаните на нашата земја и да ја браниме и унапредуваме демократијата, рече  Заев.

Тој појасни дека планот ќе биде даден на јавна дискусија и оти до изработката на неговата финална верзија ќе бидат чуени мислењата на сите чинители во општеството. Планот се состои од два дела, во првиот се опфатени безбедносни, а во вториот проактивни мерки.

Што содржи Акцискиот план

Акцискиот план се состои од безбедносни и од проактивни мерки

1.Безбедносните опфаќаат: 

-Ревидирање на постоечките и креирање нови безбедносни протоколи за комуникација во институциите и комуникација со надворешните субјекти, за намалување на можноста за протекување сензитивни информации

-Надградба на безбедносните протоколи за дигитална комуникација за сите државни службеници за безбендо кроистење интернет, службена електоронска пошта, службен мобилен телефон и др.

-Зајакнување на внатрешната ИТ ифраструктура во Владата и министерствата за навремено да се спречат евентуален малициозен сообраќај и надворешни напади врз инфраструктурата

-Промена на телефонскиот број и апаратот на премиерот и безбедносен протокол за дигитални комуникации

-Протокол за кризни комуникации меѓу централнито владин комуникациски сервис и министерствата за спротивставување на дезинформациите на социјалните мрежи и интернет порталите

2.Проактивни мерки

-Дополнителна активна транспарентност на Владата за што повеќе да ја доближи својата работа до граѓаните и да ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите. Ќе се создаде листа на документи и информации кои институциите ќе бидат задолжени на одреден временски интервал да ги објавуваат и ажурираат за да се намали просторот за маневар на дезинформации

-На веб страницата Владата ќе обавува одговори на медиуми и граѓани за да се спречи извртување на официјалните ставови

-Ќе се формира акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата во која ќе има претставници на повеќе институции-Претседаелот, Премиерот, Собранието, МВР, МНР, МО, новата агенција што ќе ја наследи УБК, Агенција за разузнавање за следење и анализирање на дезинформации и координација на борбата против ширење дезинформации што е јаводи Ровет поповски

-Оваа акциска група ќе спроведува едукативна кампања од јавен интерес за штетното влијание на дезинформациите врз општеството

-Ќе има и внатрешна кампања за вработените во државната администрација

-Ќе соработува со сите платформи на социјалните медиуми кои се користат за брза дистрибуција на дезинформации. Ќе бидат извествани за профили и објави кои шират дезинформации и ќе се вклучи држатава во нивните програми за информирање на граѓаните и борба против дезинформации

-Ќе почне процес на креирање на Национална стратегија за медиумската писменост во чии рамки ќе бидат опфатени активности на институциите, медиумите и граѓанскиот сектор.

-Ќе биде пзоастапеност медиумската писменост во образовните програми на МОН. Владата ќе биде партнер на граѓанскиот сектор во спроведување на програми и тренинзи за медиумска писменост и ќе спроведува и едукација за медиумска писменост на вработените во државната администрација.

-Владата ќе ја поттикнува дебатата меѓу медиумите, медиумските здруженија и граѓанските здруќенија за саморегулација, корегулација, утврдување на медиумски стандарди за интернет порталите, согласно препораките на ЕК и Советот на Европа.

-Владата ќе воведе јасни критериуми за медиумите акредитирани да ги следат владините настани и прес конференции во согласност со стандардите на новинарската професија

-Со медиумите ќе отвориме дискусија за утврдување модел за поддршка на продукција на медиумски содржини на тема броба со дезинформации како и поддршка на едукативни програми и тренинзи наменети за медиумските работници со цел нивни професионално сензибилизирање во борбата со дезинформациите.

-Владата и институциите активно ќе соработуваат со сите организации и проекти кои работат на проверка на фактите преку навремено и брзо одговарање на нивните прашања при проверка на фактите

-Владата ќе иницира организациите кои се бават со проверка на фактите да создадат регистар за утврдување и разобличување дезинформациите и ликови од изворите

-Државата ќе поттикне соработка со ЕК и ќе побара вклучување во системот за брзо предупредување за ширење на дезинформации, со цел размена на информации околу содржината и темите на кампањите за дезинформации низ Европа.

-Во борбата со дезинфорамциите Владата ќе продолжи со сорабптката со стратешките сојузници ЕУ и НАТО

-Ова како што рече Заев е само дел од сеопфатните мерки што се преземаат и ќе се преземаат за одлучно спротивставување и борба против лажните вести и дезинформациите и медиумските манипулации со единствена цел –зштита на јавниот, нациналниот и интересот на граѓаните од штетите што ги предизвикуваат овие појави, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.