Ана Петровска останува посветена на заштитата на животната средина, нејзиниот професионален ангажман продолжува во Министерството за животна средина, брифираат извори од кабинетот на претседателот на Владата, по денешното разрешување на Петровска од позицијата на директор на Државниот инспекторат за животна средина.
Таа е исклучително квалитетен кадар, Владата ги цени нејзините квалитети и перформанси и веќе се разгледуваат повеќе опции Петровска да координира некои од процесите од зелената агенда на Владата, веднаш после локалните избори, додава истиот извор.