Никој да не биде изоставен, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките – порача премиерот Зоран Заев, со што се приклучи на глобалната кампања 16 дена активизам против родово засновано насилство.
– Насилството врз жените е кршење на основните човекови права. Ние како Влада ветивме пред граѓаните на Република Македонија дека ќе работиме на унапредување на човековите права и затоа сме посветени на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените – рече Заев на свеченоста во Собранието.
-Работиме на јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Донесовме одлука за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство – рече Заев во својот говор.