Владата денеска на домашниот пазар се задолжува со нови 93,5 милиони евра. Министерството за финансии, најавени две аукции во кои ќе продава државни хартии од вредност со рок на доспевање од една година, преку која очекува да обезбееди 84, 2 милиони евра и шестмесечни записи во вредност од скоро 9,3 милиони евра.
Веќе утре, по основ на допсеани хартии од вредност Владата на домашните кредитори треба да им врати скоро 134 милиони евра.
За овој месец владата има испланирано девет аукции на државни хратии од вредност преку кои треба да обезбеди пари за покривање на тековните буџетски потреби, односно за враќање на доспеани долгови.
Годинава според најавите владата планира да се сврти кој долгорочно задолжување на домашниот пазар преку издавање државни хартии од вредност со подолг рок на доспевање со 5, 7 и 10 години.