Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата со 76 милиони евра ќе го ублажува ценовниот шок

0
By Mirjana on June 2, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии денес ги појасни мерките што ќе бидат преземени за ублажување  на ценовниот шок кој настана по одмрзнувањето на цените на некои од стратешките прехранбени производи и враќање на акцизата на енергенсите и на ДДВ. Во насока на едновремено насочување на мерките кон ранливите категории на граѓани, но и постепена фискална консолидација, новите антикризни мерки ќе бидат таргетирани, информираат од Министерството за финансии. Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење  фискална политика, која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок, се наведува во соопштението до јавноста.

Во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, но и субвенции за покачување на минималната плата, значителни дополнителни средства за субвенции за земјоделците – во насока на зголемување на приносите, како и средства за покачување на пензиите, и зголемување на трансферите за гарантиран минимален приход, соопштија од Министерството за финансии. 

Веднаш по усвојувањето на ребалансот, во најкраток рок ќе започне имплементација на новите антикризни мерки, велат од Министерството. Новиот модел на таргетирани мерки, кој е во насока на последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност, има три цели: заштитa на најранливите категории, праведна распределба на средства и постепена фискална консолидација, што е од големо значење за задржување на стабилноста на јавниот долг и стабилноста на домашната економијата воопшто.

Со ребалансот на буџетот, и покрај одредено проширување на дефицитот, тој е сепак под нивото во 2021 година, и значително под нивото од кризата 2020 година. На среден рок се планира стеснување на буџетскиот дефицит преку подобрување на наплатата на буџетските приходи, мерки за намалување на сивата економија и за спречување, намалување и реструктурирање на буџетските расходи, кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор и иновациите со цел зајакнување на конкурентноста, социјална компонента за поддршка на најранливите категории на население и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите, промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, поголема диверзификација на изворите на финансирање на дефицитот, финансирање и реализација на одредени проекти преку јавно-приватни партнерства и основање на Развоен фонд.

Со првиот пакет мерки беа амортизирани првите силни удари на кризата, како спречување на ценовниот шок и шпекулативниот раст на цените со што ги запревме инфлаторните притисоци за да спречиме повисоки стапки на инфлација. Даночните ослободувања беа направени во комбинација со мерките за замрзнување на цените и на маржите на производите. Вредноста на досега спроведените мерки за сузбивање на ценовната и енергетската криза е околу 615 милиони евра и еден од највисоките фискални стимули издвоени во регионот, порачаа од Министерството за финансии.

Министерство за финансии за антикризни мерки со ребалансот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.