Published: Monday, December 15, 2025 11:39
Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители, Владата му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Република Македонија да го разреши Љупчо Коцевски.
Во образложението се вели дека причината е направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство.




