Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владика Тимотеј: МПЦ ОА очекува до крајот на месецов СПЦ до Вселенскиот патријарх да предложи автокефален статус

0
By Mirjana on May 18, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Митрополитот на дебарско-кичевската епархија при МПЦ ОА и портпарол на Синодот, Владиката Тимотеј, по денешната седница изјави дека се надеваат и очекуваат до крајот на месецов Српската православна Црква до Вселенската патријаршија да го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ.

„Црква за која се бара да биде предложена за автокефален статус треба да исполнува 9 или 10 точки. Ние очекуваме за нас, тоа да го направи матичната црква од која се одделуваме , во конкретниот случај СПЦ. Таа да предложи до Вселенската патријаршија доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде Томос кој треба да биде потпишан од него и од епископот на СПЦ. Но ние до тогаш ќе си функционираме како автокефална црква, изјави владиката Тимотеј.

Тој не смета дека со тоа што се прифатил предлогот од СПЦ, за автономија како од 1959 година, дека е враќање назад, туку дека е чекор напред и логичен след на работите што треба да не одведат до моментот за утврдување на автокефалниот статус. 

Тој информира уште дека Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија  на денешната седница одлучил да ја прифати поканата за сослужување со Српската православна црква, што ќе треба да се случи утре во Белград. Делегацијата ќе ја предводи македонскиот епископ Стефан и тројца владици од повозрасните во Синодот.

„ Ја прифативме поканата од страна на српскиот патријарх, односно Соборот на СПЦ за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на Свети Сава, вели владиката Тимотеј.

Владиката Тимотеј уште информира дека денеска епископот Стефан му напишал писмо на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое му се заблагодарил за чинот на признавањето на ерархијата и канонскиот статус на МПЦ ОА и за поканата на верскиот празник Педесетница, да присуствува на заедничка литургија во  Вселенската Патријаршија.

(М.Трпческа) 

 

 

МПЦ ОЧЕКУВА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ СПЦ ДА ЈА ПРДЕДЛОЖИ ЗА АВТОКЕФАЛЕН СТАТУС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.