Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владика Тимотеј: Не му даваме земјиште на Субрата Рој

0
By Нова ТВ on July 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Контроверзниот бизнисмен Субрата Рој најверојатно нема лесно да го реализира проектот кај Љубаниште, Охрид, каде заедно со македонските власти најавува градење на луксузен комплекс, со оглед на спротивставените изјави кои за НОВА ги дадoa Министерството за култура и Владиката Тимотеј.

И двете страни ја спорат сопственоста на земјиштето и тврдат дека е нивно и дека тие располагаат со правата и оттука со (не)можноста да му се продаде на контроверзниот бизнисмен, кој во неговата матична земја Индија се гони за криминали и проневери и во моментов тамошниот суд пресуди враќање на долг од 4,38 милијарди долари.

Владиката Тимотеј за НОВА изјави дека “нема намера ниту да дава, ниту да подарува земјиште, ниту пак дека некој го прашал за земјиштето”, додавајќи дека “не може власта, односно Министерството за култура да дава нешто што не е нивно”. Што се однесува до Субрата Рој, Владиката Тимотеј го карактеризира со зборовите- “тој е обичен мангуп”.

Од друга страна пак, Министерството за култура за НОВА изјави дека спорното земјиште “не е црковно, туку државно” и оттука, Република Македонија се води како сопственик.

Вчера Субрата Рој пристигна во Македонија и денеска е во Љубаниште, како и на средба со вице-премиерот Ставревски.

Во јануари, домаќин на Субрата Рој беше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој тогаш истакна дека веќе е формиран координативен тим од триесетина експерти, како на надлежните институции во Македонија така и на Сахара групацијата, за да се уредат сите правни, економски, еколошки прашања за да се забрза реализацијата на проектот.

Рој во македонските медиуми деновиве беше топ-тема и заради градежната парцела со површина од 621 метри квадратни спроти споменикот „Воин на коњ“ која бесплатно ќе ја добие индискиот бизнисмен.

Одлуката за подарување на атрактивната локација во строгиот центар на Скопје ја донело Министерството за култура, а истата веќе е публикувана во Службен весник.

Префрлањето на сопственоста на земјиштето на компанијата „Сахара глобал“ ќе се реализира во рок од 60 дена, по што обележјето на Мајка Тереза ќе може да почне да се гради на постоечкиот пешачки коридор помеѓу хотелот во изградба „Мериот“ и планираниот хотел што треба да го гради грчкиот бизнисмен Деметрис Кондоминас.

Според СЕБИ (индиската Комисија за хартии од вредност), компанијата „Сахара Груп“ на Субрата Рој должи 4,38 милијарди долари, а овие пари што сега им се враќаат на инвеститорите се од уплата извршена од страна на групацијата во износ од 934 милиони долари. „Сахара“ тврди дека износ од 3,65 милијарди долари има вратено на две компании што купиле нејзини обврзници директно, но ова треба допрва да се утврди од независни извори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.