Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владиката Петар сака да ја продаде шумата, ресенчани протестираат

0
By Нова ТВ on February 4, 2018 ВЕСТИ
Владиката Петар фото- СДК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владиката Петар има намера да исече 80 хектари висококвалитетна дабова шума во Ресенското село Јанковец, а селаните и екологистите протестираат.

Тој со парите од продажбата на дрвата планира да гради нов манастир „Успение на Пресвета Богородица“,  но прво да го урне стариот затоа што бил дотраен.

– Доколку жителите обезбедат 50 или 100 илјади евра  за црквата ние нема да ја сечеме шумата. Но таа е заболена и за неколку години ќе се исуши. Ако не ја исече манастирот, ќе ја исечат дрвокрадци, па ќе немаме ниту шума ниту црква. Сечата ќе биде законска  – вели владиката Петар.

Граѓанската иницијатива „Еко Герила Преспа Ресен“ ја поддржува иницијативата на локалното население за да се спречи сечата на шумата кај манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.

Екологистите ја потенцираат заштитната улога на шумата од можна ерозија при поројни дождови.

– Нашите аргументи во однос на ова прашање се поради тоа што шумите влијаат врз климатските промени, нивното потенцијално уништување ќе има влијание врз промена на микроклиматските услови на ова подрачје. Во Преспа години наназад се јавува еден невообичаен феномен на појава на мраз во несоодветен период во годината, што има погубно влијание врз приносот од овошните насади, кој за голем број на жители на нашиот крај се единствен извор на егзистенција – порачуваат екологистите.

Исто така од овој крај локалното население обезбедува и дополнителен приход, од собирање на шумски плодови, кој што многу значи во условите во кои преживуваат луѓето, донесени на работ на егзистенција.

Манастирот„Успение на Пресвета Богородица“ во близина на Ресенското село Јанковец е православен женски манастир на МПЦ– ОА, кој е дел од Преспанско-пелагониската епархија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.