Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владимир Тасевски: Голотијата никогаш не била табу

0
By Нова ТВ on February 4, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во март годинава за прв пат во Македонија ќе се одржи работилница за АКТ фотографија а ќе ја води Владимир Тасевски, фотограф. Според психијатарот Билјана Паланова, неговите фотографии се душевно расветлување.

– Фотографиите на Владимир Тасевски се еден вид на душевно просветлување. Нивната сензитивност ни буди различни емоции за еротиката и нејзината природа. Неговиот уметнички поглед е толку чист, уникатен и природен, вели Паланова.

Во продолжение Тасевски го објаснува своето дело:

Што претставува еротска (акт) фотографија?

Малце ме збуни со термините, eротска – акт. Одговарајќи, ќе пробам да направам разлика онака како што јас ја доживувам. Еротиката во уметноста ја разбирам како дело кое поттикнува сексуален нагон, воглавно преку разигрување на фантазијата на гледачот. На тие уметнички дела (фотографии или слики) воопшто не мора да е прикажано голо тело. Додека па актот се темели на голото тело како основа, прикажано така без да се даде ни малку сексуална конотација на истото.

Во моите фотографии пробувам до максимум да го избегнам еротското, и голото тело да го претставам како убавина на форми или некоја телесна експресија на моделот. Се трудам да ги исклучам сите елементи кои можат гледачот да го наведат на погрешно доживување. Сепак не зависи сè само од мене, на она што некој гледач може да испроектира во нечие дело, влијаат и неговите лични искустава.

Дали оваа фотографска, но и сликарска дисциплина е сe уште табу тема во Македонија?

Самиот зборот табу означува некаква забрана, а јас не сум информиран за таква забрана во Македонија (се насмевнува), затоа и не гледам зошто акт фотографијата би била табу, дури и како тема (повторно се насмевнува). Постојат два феномена кај нас кои нè ограничуваат како народ, тоа се „срамот” и „стравот”. Тие два феномена се продукт на нашата недоволна едуцираност. И не само во уметноста, тие се проблем во севкупниот општествен живот (али да не се одалечуваме од темата). Понекогаш пробувам да разберам како тоа е нормално да гледате фотографии и снимки од убиства, измачувања, општо несреќи, а неморално и срамно е доколку се сликате без облека.

Кривата слика за голото тело ја дополнуваат и сензационалистичкиот пристап на некои „медиуми” кои на погрешен начин пробуваат да привлечат публика со бомбастични наслови и ефтини папарацо фотографии од јавни личности (разголени намерно, или уште полошо уловени во некој нивен приватен момент).

Но и покрај лошата перцепција за голото тело, мислам дека нема никакви табуа (забрани) во однос на актот во уметноста кај нас. Постојат само мали предрасуди поради страв и срам.

Кои се почетоците на оваа дисциплина во Македонија?

Почетоците се многу одамна, со самите почетоци на фотографијата во Македонија, но прашањето е зошто е толку незастапен како жанр? Најчесто оправдување е средината во која што живееме (дефинирана како конзервативна), но мислам дека главниот проблем е што актот е една од најтешките дисциплини во фотографијата.

Информации за автори кои работеле акт фотографија во Македонија датираат од средината на минатиот век, но ретко се наоѓа конзистентност и посветеност на некој автор на жанрот. Како пионери би ги посочил авторите Живко Јаневски и Раде Ристевски. Искрено штета што нема некоја публикација посветена на историјата на акт фотографијата во Македонија, мислам дека тоа ќе биде мој следен предизвик, затоа што има многу автори кои низ годиниве се појавувале со по некоја работна творба во овој жанр, и убаво би било сето тоа да може да се собере во една монографија. А што се однесува до денешницава како автори кои работат акт и ми оставиле впечаток со нивните дела би ги посочил: Боро Рудич, Димитар Апостолов, Дарко Мораитов, Дејан Џолев и др.

На кој начин можете да најдете модел кај нас и дали тоа се прави лесно?

Да се пронајде модел за акт и не е толку тешко. Постојат два начина да се дојде до модел. Првиот е да ангажирате модел преку агенција (што е поскапа варијанта), но за возврат добивате професионален модел кој ќе одговори на сите предизвици, или да најдете заинтересирана особа која на доброволна база ќе прифати да позира (вообичаено се тоа девојки или пријателки на фотографот). Втората варијанта делува попримамлива и полесна, но сама по себе носи друг тип на проблеми. Моделите секогаш не се расположени да го покаже идентитетот па со забрана за фотографирање на лицето на моделот сè се сведува на фотографирање на делови на тело.

Од моите искуства можам да кажам дека не постои жена која не сака да се фотографира гола, прашањето е колку од нив сакаат таа своја убавина да ја споделат со светот. Некои тоа не го прават поради одредени несигурности во врска со својот (убав) изглед, некои поради стравот (од осуда), а некои од срам. И за крај како најбитна ќе ја издвојам довербата која се воспоставува помеѓу моделот и фотографот, така да еден модел станува ексклузивен и приврзан за еден фотограф, и ќе му дозволи да работи на своите идеи слободно токму поради таа доверба која ја имаат развиено тие двајца.

Што доколку како фотограф се заинтересирам за оваа дисциплина, на кој начин можам да стекнам поголемо знаење на овие простори?

Како и во секоја професија, доколку сакате да се надградите во одредена област или како што и вие самите кажавте, да се „заинтересирате“, потребно е да истражувате, читате и секако да пробувате, за да можете да стекнете практично искуство и самостојно да се изградите како автор. Конкретно, за оваа дисциплина не постои формално образование, но веќе подолг период кај нашите соседни земји се организираат голем број на работилници на оваа тема каде фотографите можат да се пријават и работат во групи или индивидуално со акт модел.

Во Македонија, до сега ова не беше практика, затоа на мое големо задоволство за прв пат кај нас во соработка со Џолев и уметностите организираме работилница за АКТ фотографија која е во времетраење од три дена за време на викенд.

На оваа работилница учесниците практично ќе се запознаат со оваа фотографска дисциплина, преку:

– анализа на нејзината естетика
– суштината и комплексноста во нејзиното работење
– сензуалноста наспроти цензурата
– развој на идеја и концепт
– запознавање со техниките на осветлување
– комуникација со модел
– етиката и кодекс на однесување

Секој учесник ќе има можност да постави два сета (студиски, ентериер) каде со моја, и на Дејан Џолев, помош ќе ја реализираат својата идеја преку индивидуално работење со акт модел.

На крајот од работилницата учесниците ќе ги изложат своите најдобри дела на групна изложба каде ќе бидат доделени и сертификати за постигнатиот труд.

Кој се може да ја посети оваа работилница и каде истата ќе се одржи?

Секој кој сака да се запознае, да истражува, да работи со искустни ментори и што е најважно да му се организира сет со акт модел, професионална шминка, осветлување итн. е добредојден на оваа работилница која ќе се одржи на 12ти, 13ти и 14ти февруари. Пријавувањето е во тек, а повеќе информации сите заинтересирани можат да погледнат во брошура.

Извор: Reborn

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.