Владина делегација составена од Националниот координатор за воени и полициски ветерани, генерал Стојанче Ангелов и Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, по повод одбележувањето на 19 годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, положи цвеќе пред споменикот на Бранителите во Скопје, оддавајќи почит на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година.