НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владина поддршка за самовработување и отворање нови работни места

0
By Нова ТВ on July 19, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата категорија Самовработување со кредитирање, во суштина претставува можност невработените лица кои се на евиденција на Агенцијата за вработување макар 1 ден пред распишување на огласот, да можат да добијат евтин кредит за да отворат бизнис, или пак да се здружат повеќе невработени лица и да добијат кредит за да отворат бизнис, објави портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

Во рамките на оваа категорија постојат три можни варијанти.

1. За основање на бизнис од мал обем, можат да се здружат најмногу 3 лица и да работат во рамките на тој бизнис, што значи да се отворат 3 нови работни места. Притоа за секое новоотворено работно место ќе добијат кредитни средства во висина од 3000 евра, или максимум 9000 евра за сите 3 работни места. Рокот на поврат на средствата од кредитот е 3 години, со вклучен грејс период од 1 година и каматна стапка од 1 процент на годишно ниво.

2. За основање на бизнис од поголем обем, можат да се здружат најмногу 5 лица и да работат во рамките на тој бизнис, што значи да се отворат 5 нови работни места. Притоа основниот кредитобарател може да добие 5000 евра кредитни средства, а за секое од останатите 4 новоотворени работни места да се добијат кредитни средства во висина од 3000 евра по работно место(значи 12000 евра за четирите работни места), или максимум 17000 евра за сите 5 работни места(5000 евра за основниот кредитобарател и по 3000 евра за секое останато ново работно место). Рокот на поврат на средствата од кредитот е пет години, со вклучен грејс период од една година и каматна стапка од 1 процент на годишно ниво.

За првата и втората варијанта кои се претходно наведени може да се добијат и дополнителни стимулативни средства до 1000 евра по новоотворено работно место, доколку се вработат лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација и што имаат користено паричен надоместок најмалку 6 месеци и се невработени повеќе од 3 години. Во таков случај вкупниот обем на средства кој може да се добие за основање на бизнис од мал обем со 3 новоотворени работни места е 12000 евра, а за бизнис од поголем обем со 5 новоотворени работни места е 22000 евра.

3. Третата варијанта би сакале особено да ја акцентираме. Доколку се работи за основање на бизнис од страна на невработени лица кои имаат под 29 години старост, кои сакаат да отворат 5 нови работни места, тогаш може да се добијат и до 23000 евра. Притоа основниот кредитобарател кој има под 29 години може да добие 7000 евра, а за секое од останатите 4 новоотворени работни места на кои би се вработиле млади под 29 години, да се добијат кредитни средства во висина од 4000 евра по работно место (значи 16000 евра за четирите работни места), или максимум 23000 евра за сите 5 работни места (7000 евра за основниот кредитобарател и по 4000 евра за секое останато ново работно место). Рокот на поврат на средствата од кредитот е 7 години, со вклучен грејс период од 18 месеци и каматна стапка од 1 процент на годишно ниво.

Втората категорија од огласот Кредитирање на микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места може да ја искористи секое веќе постоечко претпријатие кое е регистрирано најмалку 1 година, има вработено најмалку 1 лице минимум 3 месеци пред огласот, и не го има намалено бројот на вработените во последните 6 месеци.

Во рамките на оваа категорија постојат две варијанти.

1. Доколку се отворат нови 3 работни места и на нив се вработат 3 невработени лица кои имаат НАД 29 години старост, тогаш за секое новоотворено работно место може да се добијат кредитни средства во висина од 3000 евра или максимум 9000 евра за 3 нови работни места.

2. Доколку се отворат нови 3 работни места и на нив се вработат 3 невработени лица кои имаат ПОД 29 години старост, тогаш за секое новоотворено работно место може да се добијат кредитни средства во висина од 4000 евра или максимум 12000 евра за 3 нови работни места
И во двете варијанти рокот за поврат на средствата е 2 години, со грејс период од 1 година, и каматна стапка од 1 процент на годишно ниво.

Ова се навистина добри можности и услови кои се нудат, со добра финансиска помош од страна на државата, со ниски каматни стапки на поврат на средствата и добар период за поврат на средствата, за да може да се започне бизнис или пак да се отворат нови работни места во веќе постоечки бизнис. Апелираме лицата кои се невработени да ги разгледаат можностите, да направат план и анализа и да се охрабрат да основаат бизнис и да овозможат своја професионална реализација и егзистенција. Исто така, апелираме кон веќе постоечките претпријатија кои ги исполнуваат условите да размислат да ги искористат овие можности, да отворат нови работни места и да вработат граѓани, и на тој начин да остварат корист и за општеството преку вработувањата, и за своите компании со зголемениот обем на работа и продуктивност на лицата кои ќе ги вработат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.