Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда

0
By Marija Todorovska on July 6, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

За попладневните и вечерните часови денеска УХМР прогнозира локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 40 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени.

Во понеделник и вторник ќе има локална појава на нестабилност, ќе дува умерен, а во западните делови од државата засилен ветер од југозападен правец.

Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд, соопшти УХМР.

Промената од среда ќе услови значителен пад на температурата така што во четврток и петок дневната температура ќе достигне 32 односно 33 степени.

Поради високите температури, од петокот е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението кои ќе траат до вторник, 8 јули.

Од работни обврски се ослободени бремени жени и лица постари од 60 години, но тоа не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

Во препораките на Владата се и одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина; работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо; обезбедување микроклиматски услови за работа односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку.

Мерките предвидуваат во сите јавни установи, трговски центри, кина, хотели, аеродроми и јавниот превоз, уредите за климатизација да не смеат да се поставуваат на температура пониска од 27 сте

Препорачано е и активирање планови за вонредни услови и сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

Мерките имаат  цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност, посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека заедно со сите надлежни институции ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

владини препораки топлотен бран УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.