Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владино спонзорирани песни: Многу пари, ич музика

0
By Сашка Цветковска on May 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Маја Гроздановска-Панчева, Ѓоко Танески, Лидија Кочовска, Марјан Стојановски, Нина Јанева, Горан Наумовски и други повеќе или помалку познати музичари се дел од добитниците на редовниот конкурс на Македонската радио телевизија со кошто се доделуваат субвенции за песни во рамки на владиниот проект за поддршка на македонска музика.

Горан Наумовски од “Ар-ен-си бенд“ ќе добие 7,500 евра како победник во две категории за две песни, и тоа една забавна и една која треба да ја афирмира историјата на Македонија со наслов „Моја најмила“. Во категоријата песни со кои се афирмира историјата на Македонија во делот на народна музика 4,500 евра ќе добие и Милена Јовановска за песната „Земјо херојска“. Во категоријата композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општството или многудетните семејства победници се пејачката на забавна музија Анета Ристова со песната „Кај и да сум“ и фолк пејачката Јасминка Гуњова Костова со песната „Не ни треба повеќе“.

Еволуција на имиџот: Анета Ристова од бунтовничка до лице на кампањата за трето дете

Јасмина Гуњова Костова: пееше за мерак, а сега ќе пее за брак и деца

Сомнителни композиции, сигурни пари

Композоциите од категориите кои треба да ги афирмираат многудетните семејства или македонската историја често служат за потсмев на социјалните мрежи. Помеѓу „проектно“ ангажираните кои пееја за трето дете беа пејачите Елвир Мекиќ и Адријан Гаџа, додека за афирмација на историјата на Македонија последни кои добија пари (по 9,000 евра за по две композиции) беа пејачите Симеон Иванов-Канго и Ѓорѓи Крстевски.

Во свет без граници мајко ќе бидеш цела, и твоите синови пророштва ќе исполнат, лавот македонски светот ќе го спаси, како Александар Велики зло ќе победи, како Александар Велики  свет ќе обедини, Лавот македонски, завет ќе ни исполни, пее Канго во субвенционирата „Аманет“

Само за Македонија, нека се веат знамиња, ова е наша земја, света, вечна, древна, исконска, За Македонија, зурла и тапан завива,ова е наша земја света, вечна и независна, пее неговиот колега Ѓорѓи Крстевски.

 

Од последната одлука на комисија со којашто се доделени средства за 44 песни, може да се забележи дека голем дел од песните се во аранжман и продукција на само неколку продукции. „КМ Ентертаинмент ДООЕЛ“ е автор на аранжамните на 10 композиции, а продукцијата е во сопственост на Лидија Крстевска, мајка на Ѓорѓи Крстевски. Ако секоја од песните добила помеѓу 3000 и 4000 евра, тоа се речиси 40,000 евра од коишто дел ќе отидат во рацете на пејачот, а дел во рацете на продуцентот.

Како продуцент, односно автор на текст, музика и аранжман два пати како добитник се јавува и пејачката Андријана Јаневска, која настапува на собирите на ГДОМ.

Пионерот во компонирањето на песните на нарачани теми согласно владините политики е пејачот и продуцент Јован Јованов. Песната „Дома си е дома“ чиј автор е тој, а ја пее Тајзи беше првата објавена од овој проект.

Јован Јованов и неговиот брат Иван Иванов, индивидиуално или преку продукцијата „Глобал Мјузик Рекордс“ чијшто сопственик и директор е Иван Иванов, се едни од најголемите корисници на субвенции преку овој проект на владата. Во последните две години тие како изведувачи, но почесто како продуценти или копродуценти земале субенции за повеќе од 40 композиции. Јован Јованов често е ангажиран на проекти во Министерството за култура, како и на позиции во разни комисии во истото.

Средствата од овој проект се делат квартално или 4 пати годишно. Законот за поддршка на домашната музичка продукција е донесен на крајот од 2013 година. Владината субвенција ќе трае 10 години и ќе изнесува околу 5 милиони евра.

Кон крајот на минатата година пари добија Наум Петрески, Перо Христов и Ристо Вртев – секој од нив по 9.000 евра и секој за по две песни.

Многу пари, малку музика

Парите коишто владата ги фрли во продукција на музика требаше, според образложенијата на предлагачите на законот, да ја поддржат македонската музика и да помогнат во создавањето трајни вредности. Но, се чини дека освен потсмевањето на социјалните мрежи, многу од песни нема да остават никаква трага во македонската музичка историја. Речиси и да нема песна која некој ја знае, а годишно се продуцираат по 200 песни.

Еден од ретките музичари кои што јавно го критикуваат овој проект е Златко Ориѓански. Во своето излагање на конференцијата „Engage“ пред две години, тој зборуваше токму за овој проект уште кога беше во зачеток и го предвиде неговиот неуспех.

Ова го немаше ни во комунизмот, тогаш имаше разни будалаштини, но, сепак не до толку. Јас го разгледував формуларот кој треба да се пополнува и тој е многу дебилен. Кој е тој што ќе ја оценува мојата песна? Јас можам да направам песна за трето, па дури и за шесто дете, платете ми, но која е идејата? Проектот за субвенционирање на домашната музика ќе пропадне, а македонската музика нема да оди ни чекор напред, рече Ориѓански.

„За да зборуваме за македонска музика, мора да знаеме какво сме општество денеска. Народот воопшто не разбира и не прави разлика меѓу народната и авторската музика. Мерка на сите работи што ги работите е светот, а не првото село до нас. Во денешни услови, крајната дистанца на музичарите е Белград“, рече тој заклучувајќи дека македонската музика е комплетно мртва и уништена поради фактот дека во земјава 20 години поличарите работеле на тоа населениото да стане глупаво.

 

ѓорѓи крстевски јован јованов канго музика субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.