Во рамки на денешната меѓувладина седница на Северна Македонија и Албанија, ресорните министерства од двете влади потпишаа договори и меморандуми кои се однесуваат на повеќе области.
На потпишувањето присуствуваа премиерите Ковачевски и Рама, кои посочија дека ваквите договори и меморандуми уште повеќе ја зацврстуваат соработката на двете земји и нудат можност за зближување, зајакнување и безбедна иднина за граѓаните на двете земји.
Договорите и меморандумите се однесуваат на соработка во делот на евроинтегративниот процес, одбрана, безбедност, инфраструктура, енергетика, култура, борба против меѓународен криминал, железничко поврзување на двете држави, стандардизација на услугите во сферата на дигиталната технологија, меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро, за соработка во областа на јавните финансии, развој на претприемништво и друго.