Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власи: Србија долго држеше на далечинскиот управувач

0
By Нова ТВ on May 15, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се очекуваше дека ќе има отпор на имплементацијата на Бриселскиот договор меѓу Косово и Србија“, вели во интервју за „Анадолија“ советникот за надворешни работи во Владата на премиерот Хашим Тачи, Азем Власи.

– Косовските Срби, иако и понатаму сакаат да даваат отпор, во овие 14 години беа поддржувани од Белград да се спротивставуваат на интеграцијата во косовскиот уставен систем. Вербалните поддршки од Милорад Додиќ и српските екстремисти кои пристигнуваат од Босна, се само продолжена рака на овие последни остатоци од старата политика која догорува токму на прашањето за договорот од Брисел и северниот дел на Косово. Во следниот период ќе има уште отпори, но сепак договорот мора да биде применет бидејќи нема алтернатива, изјави Власи.

Тој истакна дека Белград се плаши од натамошни проблеми и немири на Косово, бидејќи и самата власт во Србија долго „држела на далечинскиот управувач и поттикнувала лажни надежи на Србите од северниот дел на Косово дека овој дел од територијата ќе биде во состав на Србија, а тие под власта на Белград“.

– Сега власта во Белград се соочува со последиците од сопствената досегашна погрешна политика.

Според него, на Србија не може да и се повтори Ѓинѓиќ, алудирајќи на атентатот на поранешниот српски премиер, „човекот кој силно ги афирмирал промените во оваа земја“.

– Времето на Милошевиќ и времето кога можеше да се повтори „случајот Ѓинѓиќ“ во Србија дефинитивно му припаѓаат на минатото. Може да има уште многу проблеми, но нема да има ситуации какви што имавме во времето на Милошевиќ и Ѓинѓиќ, кога беа многу силни тие конзервативни и ретроградни сили. Главен доказа за тоа е што луѓето од политичката кујна на Милошевиќ се сега на власт, но ја свртеа Србија во значително поинаков правец. Србија го губи чекорот со современите европски и светски трендови и тие тоа го разбраа, заклучи Власи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.