Собраниската законодавно правна комисија гласаше против за измените на Законот за енергетика предложени од граѓаните кои ставија потписи зад иницијативата на „Аман“.
Образложението на Комисијата, каде против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, беше дека не се создадени услови Собранието да и наложи на Регулаторната комисија за енергетика да ја воведе евтината дневна тарифа.
Во Комисијата ниту во расправата ниту во гласањето не учествуваа пратениците од СДСМ.