На средбата во резиденцијата кај претседателот Ѓорге Иванов пристигна премиерот Никола Груевски заедно со вицепремиерот Зоран Ставревски, Мартин Протугер и Гордана Јанкуловска, во истовреме, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски е придружуван од Јани Макрадули, Андреј Петров и Наташа Савова.
Еврокомесарот Штефан Филе по средбата кај Иванов на прес конференција ќе го соопшти исходот од средбите со државниот врв и опозицијата, како и последиците кои Македонија ќе ги сноси доколку договор за излез од кризата не биде постигнат.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит и поранешниот претседател на ЕП Јиржи Бузек, по средбата во Владата со премирот Никола Груевски, попладнево во ЕУ Инфо центарот имаа одвоени разговари со лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети.