Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и опозицијата во клинч за Буџетот: Поднесени се 391 амандман

0
By Нова ТВ on September 19, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието почна расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет, каде расправата согласно деловникот трае до 10 дена. Предлогот го образложи министерката за финансии Нина Ангеловска. Поддршка изразија пратениците од мнозинството, а за опозицијата ребалансот ја покажува неефикасноста на Владата и нефункционалноста на институциите.

Според предлогот, вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот Буџет, односно е позициониран на износ од 17,7 милијарди денари или 2,5 проценти од БДП.

Според Ангеловска, алоцирање на средствата онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми економски ефекти е целта на предложениот Ребаланс на буџетот.

– Од овој ребаланс за граѓаните обезбедуваме поддршка за поголеми плати за вработените во приватниот сектор, поголеми плати за вработените во јавната администрација, повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување за невработените граѓани, и конечно, за нешто помалку од три месеци првпат на граѓаните ќе им бидат вратени првите пари преку проектот МојДДВ. А ова не е единствената придобивка од овој проект, зашто преку МојДДВ граѓаните директно ја помагаат борбата за намалување на сивата економија, истакна Ангеловска.

Таа додаде дека поставените цели за 2019 година целосно се насочени во функција на постигнување на клучните приоритети на општеството: повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО.

Панче Иванов од СДСМ давајќи поддршка на предлогот рече дека тој е направен со цел подобрувања на перформансите на Буџетот во полза на граѓаните на нашата држава.

Тој истакна дека е важно што со ребалансот на страната на приходите се прават минимални корекции и оти тие се досега најмали во однос на годините наназад.

– Приходите се намалуваат за 297 милиони денари, односно за 0,1 отсто. Ова е убедливо најмала корекција на приходната и расходната страна, а важно е што изворните приходи се зголемуваат за 360 милиони денари, што е показател дека економијата е стабилна и дека создава услови двигателите на економијата да ги регулираат своите обврски, дека Буџетот е ликвиден. Тоа ми дава за право дека и тоа како вреди овој предлог да се поддржи, рече Иванов.

Тој потеницра дека овој ребаланс не се прави поради намалени приходи и оти оствареното покажува дека има раст и напредок.

Иванов даде поддршка на мерката за субвенционирање и покачување на платите.

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ребалансот на Буџетот е последица на неефикансите институции. Забелешки упати на реализацијата на капиталните инвестиции, на проектот за субвеницонирање на платите, како за Мој ДДВ.

– Овој ребаланс е последица на ниското ниво на реализација во одредени сектори и на преземање мерки кои се последица на нефункционалност на институциите. Едноставно институциите не функционираат на потребното ниво, нешто треба да преземете во менаџирањето со капиталните расходи и тоа како опозиција ви го предочуваме постојано, порача Цулев.

Според него, оваа Влада веќе нема изговори за неефикасност во реализацијата на капиталните расходи.

– Заклучно со осми месец тие се на ниво до 28,2 отсто од планираното или од 422 милиони евра во апсолутен износ, реалзиирани се 120 милиони евра, а поминати се две третини од годината. Ако лани беше погрешни проекти, промашена траса, сега веќе тие изговори не држат. Буџетот е комплетно планиран, цела буџетска година е планирана од оваа гарнитура и чуму резервирање средства ако немало проекти и ако истите не биле предвидени во годинашниот план за јавни набавки, рече Цуклев, кој додаде дека доколку не се железничката инфраструктура и гасоводот, овој процент на реализација може да биде едноцифрен.

Според него, Владата ќе покаже катастрофални резултати во реализација на капитални расходи.

И за неговиот сопартиец Зоран Илијоски ребалансот ја покажува неефикасноста и  неспособноста на оваа Влада.

Поддршка на предложениот ребаланс даде Реџаил Исмаили од ДУИ, кој оцени дека параметрите во економијата се позитивни, но даде одредени сугестии за подобрување на реализацијата на капиталните расходи.

– И покрај проблемите што ги имаме како држава и општество, економските параметри се позитивни и охрабрувачки. Има позитивни придвижувања како странските инвестиции, домашните инвестиции, рече Исмаили.

Тој побара од Министерството за финанси да се разгледаат прашањата што оневозможуваат да се реализираат капиталните расходи.

Во дискусијата Диме Велков од СДСМ, кој во реплика се осврна на реализацијата на капиталните инвестиции, посочи на податоци на реализација од претходните години и истакна дека е поважно да се дискутира во што се инвестираат.

На предложениот ребаланс поднесени се 391 амандман.

Со ребалансот на Буџетот се издвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активни мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ…

Поради слабата реализација на одредени капитални инвестиции од иницијално планираните 25,9 милијарди денари намалени се одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација. Вкупното намалување на капиталните инвестиции изнесува 50 милиони евра.

Предвиден е и трансфер за Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, односно 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб.

Расправата во Комисијата, согласно собранискиот Деловник трае 10 дена, по што Предлогот оди на пленарна седница. На предлогот се поднесени 391 амандман.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.