Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта ќе го коригира спорниот Закон за избор на заменици – директори

0
By Соња Петрушевска on December 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По реакциите и критиките во јавноста и од невладините организации, НОВА дознава дека власта ќе ги коригира предложените измени на Законот за јавни претпријатија со кои требаше да се именуваат заменици во сите јавни претпијатија во кои досега немаше вакви функција.

Според информации на НОВА, собраниските служби проверуваат дали може да се интервенира со амандман во веќе предложените законски измени или ќе се достави нов предлог – закон.

Со новите измени на Законот за јавни претпријатија, заменици директори ќе се избираат само во јавните претпријатија што се формирани од Владата – вкупно 12 на број, а не и во јавните претпријатија кои се формирани од Град Скопје и од општините. Доколку беше изгласано вакво решение замeници директори ќе беа именувани во вкупно 129 јавни претпријатија, а трошокот на годишно ниво според проценките на невладините организации ќе изнесуваше 2 милиони евра.

Фондацијата Отворено општество – Македонија денеска побара да се повлечат измените на Законот за јавни претпријатија.

ФООМ смета дека „воведувањето нови позиции  што  не се неопходни, туку имаат за цел да служат за задоволување на партиските апетити, само дополнително ја еродираат довербата на јавноста во јавниот сектор. Со вакви решенија граѓаните плаќаат за нерационални трошоци, кои не го подобруваат квалитетот на јавните политики или јавните услуги“.

И други невладини организации: Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Центарот за управување со промени и Центарот за граѓански комуникации,  исто така побараа да се повлече Законот кој е предложен да се донесе по скратена постапка.

„Во 22 од овие 129 јавни претпријатија има помалку од 10 вработени. Ако се земе во предвид дека сите овие јавни претпријатија покрај директор имаат и управен и надзорен одбор, тоа значи дека поголем е бројот на избрани и именувани лица, од бројот на вработени кои се носители на дејноста. И сега наместо да се направи рационализација, односно да се намалат бројот на функции, се воведува нова дополнителна функција. Сите овие податоци наведуваат на заклучок дека предлогот за воведување на дополнителна функција во јавните претпријатија е нерационален“ коментираат невладините организации.

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски денеска кажа дека намерата била да се подобри работата на одредени јавни претпијатија, а не да се вдомуваат партиски кадри.

„ Голем дел од овие јавни претпријатија навистина имаат сериозни проблеми во своето работење и треба максимално да ангажираме кадар за да се подобри функционирањето. МИОА е во фаза на изготвување на хоризонтална функционална анализа и изготвување на нов закон за висока рабоводна служба со кои сите овие различности во институциите ќе се унифицираат и ќе се заведе ред. Таа анализа ќе покаже дали ова е добар предлог или не“ рече Манчевски.

Една од целите на законот, како што рече Манчевски, е со изборот на  заменици-директори, да се избришат и помошниците директори.

Измените на Законот за јавни претпријатија се  на дневен ред на денешната собраниска седница.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.