Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се носи Закон по скратена постапка за заменици директори на јавни претпријатија

0
By Соња Петрушевска on December 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 27, 2018 16:54

Пратеници од СДСМ и од ДУИ предлaгаат по скратена постапка да се изгласаат измени и дополнувања на Законот за јавни претпријатија. Со измените, меѓу другото, се предлага да се именуваат и заменици директори во сите јавни претпријатија формирани од општините, Град Скопје и од Владата.

Се работи за 129 јавни претпријатија во кои досега немало заменици директори. Со досегашното законско решение директорот определуваше вработен кој раководи со претпријатието во негово отсуство.

Неколку невладини организации: Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Центарот за управување со промени и Центарот за граѓански комуникации, бараат измените да се повлечат и да се направи сеопфатна анализа која навистина ќе ја докаже потребата од ваква функција. Според првичните пресметки именувањето на заменици директори би чинело околу 2 милиони евра годишно.

„Во 22 од овие 129 јавни претпријатија има помалку од 10 вработени. Ако се земе во предвид дека сите овие јавни претпријатија покрај директор имаат и управен и надзорен одбор, тоа значи дека поголем е бројот на избрани и именувани лица, од бројот на вработени кои се носители на дејноста. И сега наместо да се направи рационализација, односно да се намалат бројот на функции, се воведува нова дополнителна функција. Сите овие податоци наведуваат на заклучок дека предлогот за воведување на дополнителна функција во јавните претпријатија е нерационален“ коментираат невладините организации.

Наместо да се воведуваат дополнителни функции, невладините бараат да се воведат построги критериуми и поголемо искуство при изборот на директорите и поголема транспаретност, за да се намалат ризиците од политички клиентелизам.

Премиерот Зоран Заев порача да не се прави фама од  измените на законот за јавни претпријатија и воведувањето на заменици на директорите.

-Целта ни е замениците директори целосно да ги заменуваат директорите и да ја диктираат испораката на јавните услуги за граѓаните. Апсолутно ваквите трошоци се минорни ако ефектите бидат задоволителни, а граѓаните посреќни за услугите. Не треба да се прави ваква јавна фама и да се говори за некаква катастрофа. Вие знаете дека од 3,4 милијарди евра трошоци на државата, повеќе од 3 милијарди е фиксен дел, здравство, социјална заштита, плати, пензии и нормално функционирање на институциите. Во последната година само 100 милиони евра се заштедени од транспарентноста на постапките, 300 до 400 милиони евра може да менаџира секоја влада, се друго е фиксно – рече Заев.

Тој како пример посочи дека АД „Македонски енергетски ресурси“ мора да добие заменик директор затоа што се подготвува државата да откупи дел од „Макпетрол“ и дека ќе се спроведува гасификација на општините.

Заев одговараше на пратеничко прашање од Владо Ѓорчев кој рече дека со оваа промена непотребно ќе се потрошат стотици милиони евра државни пари.

„Ова е скандалозно и срам. Вашиот генерален секретар Александар Кирацовски е потпишан на Законот со кој во сите јавни претпријатија ќе има заменици директори. Ги вдомивте децата на функционерите и на шарените. Јадењето живи луѓе го покажавте со бркањето на Цветан Трипуновски од Министерството за земјоделство само затоа што надвор од работно време држел прес конференции. Дали конкурсите се наместени за членови на СДСМ и дали општинските организации на СДСМ одлучуваат кој каде ќе биде вработен – праша пратеникот Влатко Ѓорчев.

Заев најави дека дел од институциите ќе се укинат и дека се подготвува Закон за висока раководна служба која треба да го зајакне професионализмот во администрацијата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.