Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта крие колку не чинат странските инвестиции

0
By Сашка Цветковска on June 23, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2015 13:58

Колку не чинат странските инвестиции е прашање на кое граѓаните на Македонија не добиваат одговор. НОВА на 5 мај испрати барање за слободен пристап до Дирекцијата за развој на технолошко-индустриски зони и од нив побара детални податоци за сите бенефиции кои ги добиваат странските инвеститори по компанија и по година. Податоците кои по силата на законот би требало да бидат јавни, сепак се тајни.

Веднаш откако го испративме барањето, Лазар Василев кој во дирекцијата е одговорно лице за пристап до инфорамции, ни одговори дека барањето е примено и архивирано. Законскиот рок во којшто институцијата треба да одговори е 30 дена. И по речиси 2 месеца од Дирекцијата не само што не ги доставија бараните јавни податоци, туку ги игнорираат и нашите пораки во кои бараме да одговорат зошто доцнат и зошто не одговараат ниту негативно ниту позитивно. Редакциајта на НОВА ќе пристапи кон жалби, но и тужби до Управниот суд за неодговорените барања од оваа и од други институции.


Барањето за пристап од информација испратено од НОВА

Одговорот на лицето одговорно за пристап до јавни информации

Македонија ги ослободува странските инвеститори во Индустриските зони од плаќање данок на добивка, ослободени се од плаќање персонален данок на доход за платите на вработените, не плаќаат ДДВ за увоз на репроматеријали, имаат царински олеснувања и ослободувања, не плаќаат надоместок за уредување на градежното земјиште кое го земале под долготраен закуп, ослободени се од обврската за изградба на засолниште при градба на објекти во зоните, како и од плаќањето на придонес за изградба, одржување и опремување на засолништето, владата им дава до 500 илјади евра за изградба на објект, немаат обврска да поднесат гаранција за царински долг, добиваат грант за покривање на трошоците за изградба на објект, државата плаќа дел од платите на вработените и им дава помош за трошоците за обука и усовршување на вработените.

Ниските плати и темпото и начинот на работа кај странските инвеститори веќе придонеса критичирите на овие политики да ја каракетиризраат работата кај странците како робовска и ескплоататорска. Револт се создава и кај домашните компании кои се обременети со давачки и немаат можност за раст и чисти профити како странските инвеститори, а од друга страна нивните даноци, како и даноците на граѓаните на Република Македонија одат за да се плаќаат бенефициите на странските компании. НОВА подготви обемно истражување за странските инвестиции и ќарот или зијанот кој земјава го има од политиките кои станаа столб на партиските кампањи на ВМРО ДПМНЕ за успех. При секој јавен говор премиерот Никола Груевски не пропушта да најави нова странска инвестиција и нови илјадници вработувања. Истражувањето на НОВА, помеѓу другото, ги судира премиерските „бројки од ракав„ со реалните бројки на вработени во странските инвестиции.

-Премиерот Никола Груевски кон крајот на минатата година, во обраќањето на 15-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО–ДПМНЕ, рече дека со странските директни инвестиции од 2006 година досега се вработени директно 11 илјади луѓе. Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Виктор Мизо, на прес-конференција на почетокот на годинава рече дека само во зоните има 3.500 вработени и оти годинава се очекуваат уште 400-500 нови вработувања, се вели во истражувањето кое можете да го прочитате на следниов линк.

Странски инвестиции – Многу врева, малку резултати

Не само парите на инвеститорите, тајна се и вработувањата, патувањата, екологијата

Во меѓувреме растата списоците со „државни тајни“. Информациите за трошењата на народните пари владата не ги споделува со граѓаните.

Дури половина од граѓаните кои поставиле прашања од институциите не го добиле својот одговор. А повеќе од половина не ни чуле дека постои закон кој им го дава тоа право. Тајните се се повеќе, од правото на јавноста да знае колку чини рекламирањето на владата до правото да знаат колку луѓе храни државниот апарат.

А некои тајни се погорчливи од другите, како онаа кога власта крие какво влијание имаат врз здравјето на луѓето и животната средина некои од фабриките и инвестициите.

Погледнете го краткиот видео филм на НОВА за транспарентност на институциите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.