Градските власти распишаа конкурс за идејно решение за фасадите на објектите на булеварот Илинден- се работи за 18 згради, кои ќе заличат како во времето кога биле новоградби и кога долж „Илинденска“ се одвивал интензивен градски живот, пишува Дневник.
Идејното решение ќе биде познато наесен а се работи за објектите на потегот од Владата до фонтаната „Лотосов цвет“, од двете страни на булеварот, меѓу кои некои се стари стотици години- тоа се објектите со броевите: 9, 12-а, 13, 14, 16, 20, 20/2, 37, 39, 43, 47, 52, 57, 59, 60, 62, 63 и 64.
– Објектите МЦМ, Пионерски дом-Kарпош и уште две згради на Илинденска се на листата со заштитени објекти. За нив во овој проект нема да се подготвуваат идејни решенија, затоа што мора автентично да се реконструираат, изјавија надлежните.
Според објавата, потребата од реконструкција е – ургентна. Во конкурсот е посочено и дека за некои објекти се потребни зафати и во конструкцискиот систем.
Проектот за разубавување на овие градби е на Градот и на Владата. Одлуката за обновата на излупените фасади беше усвоена на седница на Советот на Градот пред еден месец, а парите за реконструкцијата се обезбедени од буџетските пари на Град Скопје и од Министерството за култура. Цената ќе биде позната по завршување на јавниот повик, кој ќе трае до 16 септември.