Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денеска не беше присутен на церемонијата по повод 69.годишницата од основањето на владејачката партија, пренесуваат светските медиуми.
Младиот лидер не бил ни на листата на државни претставници кои во Пјонгјанг денеска оддадоа почит на неговиот татко Ким Јонг Ил и дедото Ким Ил Сунг.
Севернокорејскиот лидер не е виден во јавноста веќе од 3.септември, а властите од Јужна Кореја пак минатата недела соопштија дека отсуството на Ким Јонг Ун воопшто не е поврзано со неговото здравје.
Засега шпекулациите се најразлични. Покрај можноста за влошена здравствена состојба, некои аналитичари тврдат дека извршен е државен удар во земјата која многу често е затворена во случувањта за земјите од странство.
Ким Јонг Ун власта ја презема од неговиот татко Ким Јонг Ил кој почина кон крајот од 2011 година.