Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 11 милиони евра во 2020 година за да го кандиса Жан Митрев да му ја продаде клиниката евтино

0
By Zoran Ivanov on January 23, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 23, 2026 13:36

Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира колку сака, но сведоштвата и фактите секој ден го демантираат и потврдуваат дека заедно со неговиот ментор, Зоран Заев и дружината, државниот апарат го ставиле во служба за остварување приватни и клановски цели, изјави денеска на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Користејќи ја моќта, ги злоупотребувале институциите, уценувале и вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат болницата за багателна цена. Наместо, како министер за здравство да се грижи за здравјето на граѓаните и да ги решава проблемите во јавното здравство, Венко гледал само како да дојде приватна болница. За остварување на оваа цел, Венко Филипче не ги штедел ниту државните пари. Јавно достапните информации говорат дека во време на власт на СДСМ, особено кога Филипче е министер, се зголемува буџетот кон Клиничката болница. Од 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, колку што изнесувал буџетот во 2015 година, трансферите до болницата од државната институција се зголемија скоро дупло со доаѓањето на СДС на власт. Односно, во 2020 година кога Филипче раководеше со македонското здравство, буџетските трансфери кон болницата на којашто Венко ѝ фрлил око, достигнале до 682 милиони денари, сума која во денари изнесува скоро 11 милиони евра, изјавува Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го прашува Филипче дали ваквите огромни приливи кои ги правел кон Клиничката болница „Жан Митрев“, биле еден од начините со државни пари да го кандиса докторот да му ја продаде болницата за пониска сума?

Ова не бил единствениот метод кој Филипче и неговата криминална дружина на чело со Заев ја користеле за да ја присвојат болницата. Тие на докторот, како што и самиот Митрев потврди, му вршеле притисок, го уценувале и му нуделе помош во судската постапка против клиничката болница. Ова покажува дека нема област во општеството која СДС, Венко Филипче и Зоран Заев не ја заробиле и не ја злоупотребиле. Апетитите на Филипче и на Заев кон приватниот здравствен сектор, не се нови, за нив со години слуша македонската јавност, рече тој и го повика Јавното обвинителство да ги испита и целосно да ги расчисти овие сериозни индиции за изнуда и сторен криминал.

 

 

бране шетруѓевски ДПМНЕ митрев прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.