Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ да се обединат околу Декларација за значењето на Делчев – според СДСМ станува збор за обичен популизам!

0
By Mirjana on February 5, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  денеска повторно го повика владејачкиот Социјалдемократски Сојуз да се обединеле околу Декларација за значењето на Гоце Делчев за револуционерната борба за македонската државност. Според партијата, на овој начин ќе се покажела сплотеност околу како што се наведува во соопштението, неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија, но и значело одговор на негаторските ставови по однос на македонската историја и борба за државност.

Декларацијата базирана на европските принципи  е во насока на достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можат дополнително да ги зајакнат демократските темели на државата и на општеството. Во исто време повикува на институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање, се наведува во соопштението.

Во него, покрај другото ВМРО-ДПМНЕ реагира дека власта крајно нетранспарентно ги водела преговори со Бугарија и не и кажувала на јавноста што содржи пакетот одговори, ниту пак каков е ставот во однос на јазикот, историјата, ликот и делото на Гоце Делчев и останатите револуционери и други идентитетски теми, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првичната реакција на СДСМ велат дека ќе ја разгледаат декларацијата но порачаа дека доколку ВМРО-ДПМНЕ било загрижено за Гоце Делчев тогаш тоа требало да го вклучат во текстот на Резолуцијата за црвените линии која неодамна беше усвоена од парламентот.

– Овде очигледно станува збор за обичен популизам , зависно од темата на денот ја креираат нивната политичка агенда. Како одговорна и државничка партија ќе ја разгледаме Декларацијата и ќе се произнесеме, изјавија од СДСМ. 

Партиите на Албанците немаат став за Декларацијата. Образложението е дека сѐ уште не ја имале добиено  со што не им била позната ниту  нејзината содржина.

(М.М.)

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ДЕЛЧЕВ СДСМ И ВМРО ДПМНЕ СОБРАНИЕ РСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.