Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ бараат поништување на огласот за граѓанска контрола над ОТА

0
By Соња Петрушевска on January 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осуммина кандидати се пријавиле на огласот за граѓанска контрола на работата на ОТА, новоформираната Оперативно техничка агенција, која треба да ги извршува наредбите за следење на комуникациите.

На огласот се пријавиле доцент д-р Ице Илиевски, Жаклина Пауновска, проф.Гордан Калајџиев, Катерина Крстевска Савовска вонреден проф по казнено право, Сашко Јанев дипломиран воен офицер, Маргарита Цаца Николовска, Филип Стојановски програмски директор на ,,Метаморфозис“ и Александар Николов извршен директор на ,,Зенит“.

Во ова тело кое треба да врши контрола врз прислушувањето кое сега е во надлежност на ОТА треба да се изберат 7 члена.

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ и Ејуп Рустеми од ДУИ во Комисијата за избори именувања каде денеска се расправаше за оваа точка, побараа огласот да се поништи, поради малиот интерес на пријавени кандидати и затоа што нема пријавени кандидати од етничките заедници.

Ивана Туфегчиќ рече дека вината за слабиот одѕив е кај Собранието, затоа што огласот не добил јавност.  Оперативната техничка агенција беше формирана во ноември лани и во оваа агенција се премести системот за прислушување од МВР.

Комисијата за избри и именувања ја прекинаа ја денепната седница и в понеделник ќе одлучуваат дали огласот ќе се поништи.

За идните членови на ова тело за граѓанска контрола над работата на ОТА не е предвиден паричен надомест.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.