Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ експресно му одговорија на Филе

0
By Нова ТВ on February 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Никола Груевски го доби и веќе одговори на писмото на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, потврди владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

– Во одговорот премиерот Груевски изрази благодарност за континуираната поддршка која еврокомесарот Филе ја дава на Република Македонија и на реформскиот процес на кој сите ние заеднички работиме, и за заедничкиот напор кој што во изминатите неколку години ја повлече напред нашата земја создавајќи прогрес кој ја отвори можноста понудена од Европскиот Совет на декемвриски самит во 2012 година.

– Премиерот Груевски изрази и жалење за потешкотиите за надминување на политичките предизвици произлезени од настаните на 24 декември и деструктивното однесување на опозицијата, истакнувајќи дека е свесен за тоа каков ризик се отвора за споменатата можност во контекст на европската агенда.

– Истакнувајќи дека еврокомесарот Филе е добро запознаен со сите наши обиди и заложби за придвижување на работите и надминување на состојбите дури и кога наспроти нашата отвореност, подготвеност за дијалог и компромис наидуваме на несериозен и нерационален пристап од другата страна, премиерот Груевски во писмото напиша и дека во изминатиот период понудивме многу опции и излезни решенија за кои и самиот Филе е свесен дека од наша страна е даден максимум за надминување на оваа ситуација, се вели во пишаната изјава на Ѓорѓиев.

Премиерот, поосочува владиниот портпарол, „наведе и дека иако многумина сметаат дека сите идеи и можности се веќе исцрпени и сега се повторуваат како стари позиции во понуди како да се нови, сепак ние остануваме одговорни, отворени и посветени за продолжување на делувањето согласно јавно искажаните принципи и за евентуални конкретни предлози од било кого, вклучувајќи конкретни предлози и од страна на Филе“.

– Во контекст за соработката и дијалогот со медиумите, премиерот Груевски во писмото истакна дека и покрај нашиот досегашен прогрес, нема да престанат нашите напори за унапредување на состојбите на ова поле, се вели во изјавата на Ѓорѓиев.

Груевски во писмото до Филе, подвлекува и дека во следниот период преку надлежните служби до еврокомесарот ќе биде испратен преглед на досегашниот напредок во контекст на Високиот пристапен дијалог и развојот на добрососедските односи.

По писмото на Груевски, експресен одговор и на СДСМ.

Потпретседателот на партијата Зоран Јовановски коментира дека „сите активности на СДСМ, вклучително и предлогот од минатиот петок, се фер, конструктивни, демократски, позитивно насочени, но власта тоа и понатаму не го разбира и покажува инает за кој странците мораат да ни укажуваат“.

Според СДСМ „во секое демократско општество одговорноста за состојбите во земјата оди кај власта и сега е моментот Груевски да го направи тоа што треба да го направи“.
Јовановски потсети дека за политичката криза во земјата „имаше повеќе соопштенија во повеќе наврати, не само од комесарот Филе, туку и заеднички соопштенија на ЕУ, НАТО, Стејт Департментот, ОБСЕ“:

Јовановски потврди дека писмото на Филе доаѓа кога генералниот секретар на СДСМ се наоѓа во Брисел:

„Тој таму има средби со повеќе претставници на Унијата и неговата посета таму е со цел тој повторно да ги објасни и реафирмира ставовите на СДСМ околу тековната политичка ситуација во Македонија и уште еднаш да ја објасни позицијата на СДСМ околу неучеството на локалните избори. Ние нашиот предлог го дадовме, ќе повторам, на потег е премиерот Груевски“, вели Јовановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.