Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет, а Игор Јанушев веќе не е генерален секретар

0
By Нова ТВ on September 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека тој останува на чело на партијата, откако Централниот комитет на партијата го одбил неговиот предлог за одржување вонреден когрес на кој тој не би бил кандидат, а во следните шест месеци, не може да се поднесе ново барање за конгрес.

”Иако до денешен ден немаше иницијатива за вонреден конгрес од оние кои водат хајка против мене, а целта им е ВМРО-ДПМНЕ и му служат на Заев, јас на сопствено барање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој јас нема да се кандидирам. ЦК, откако ја напуштив седницата, го одби едногласно ова барање и не се согласи со ваквиот предлог и ми даде полн легитимитет да продолжам да раководам со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.

Избрани се и нови членови на Извршниот комитет на партијата, додека генералниот секретар Игор Јанушев си поднел оставка на оваа партиска функција од лични причини.

Од иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се огласија по повод изјавата на Христијан Мицкоски после Централниот комитет на партијата. Тие го нарекоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ лош глумец.

„Христијан Мицкоски е само лош глумец чија суета ја турка ВМРО-ДПМНЕ во пропаст.

Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат.

Се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи.

Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес.

Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот“, соопштија вечерва од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.