ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за прекинот на струјата дотолку повеќе што тоа се случило во моментите кога Христијан Мицкоски давал отчет за сработеното во првите сто дена од страна на градоначалниците од нивните редови, на настан организиран во објектот на Македонска Филхармонија.
– Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор, велат од партијата од каде ја повикаа власта на СДСМ и на ДУИ да сносела одговорност и да одговорела зошто снема струја?
= Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.