Оливер Андонов: Мицкоски не може, не е способен да го надмине системот кој го создаде, не смее да излезе од политикантската бара, власта мора да се држи по секоја цена затоа што така му е наредено и тој е дел од шемата. А пак без премиерската моќ, Мицкоски ќе нема никаква моќ, а и што ќе му е партиска прва позиција и општествен углед кога тоа нема никаква моќ и кај налогодавците нема да има употребна вредност. Така тоа го разбира Мицкоски, а таа желба за сестрана и потполна моќ се нарекува автократија, односно таа автократија создава режим. А како завршува режим низ призмата на неговиот политички гуру и идол доколку не се прави слеп при очи, може да гледа секојдневно како го динстаат и ќе го динстаат до распаѓање. И тука е проблемот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи освен ПР и внатрепартиско (со притисок врз нашите сопартијци) попречување на било какво граѓанско организирање и не дај Боже внатрепартиско барање на одговорност (политичка и морална) од Мицкоски или нему блиски министри и функционери, нема никаква друга активност последнава недела.
Извор: ЦивилМедиа.мк