Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Али Ахмети

0
By Нова ТВ on April 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Забележуваме дека во последните денови г-динот Али Ахмети во неколку наврати јавно го потенцира значењето на побрзото решавање на спорот за името, кое би овозможило членство во НАТО, како процес, кој како што наведува тој, е од големо геополитичко и геостратешко значење“, се вели во соопштението за јавност од ВМРО – ДПМНЕ.

„Би сакале да му обрнеме внимание на г-дин Али Ахмети дека, иако се согласуваме за важноста од побрзото зачленување на Република Македонија во НАТО, сепак треба да потсетиме дека за македонскиот народ подеднакво е важно задржување на идентитетот, изразен или поврзан со јазикот, националноста и името на земјата“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Еве го тексото од соопштението:

Г-дин Али Ахмети добро знае или би требало да знае дека борбата на Македонскиот народ за сопствениот идентитет, државност и самостојност, како и проблемите кои Грција ги прави по ова прашање датираат уште од пред повеќе од 170 години, поминувајќи повеќе премрежја , етапи, притисоци, крвопролевања, уништувања, прогони, присилни раселувања, нарушувања на човековите права и обид за уништување, односно бришење на македонската нација.

Овие обиди продолжија и во последниве 23 години откако Република Македонија доби самостојност како држава. Во тие обиди кои постоеа многу долго пред НАТО да се основа, македонскиот народ даде голема жртва и со загубени животи и со многу маки и малтретирања на Македонците. А и самата земја во овие дваесет и три години издржа многу удари и шокови, од типот на ембарга , блокади и слично.

Ние во ВМРО-ДПМНЕ не планираме по толку многу години борба да се предадеме прифаќајќи уцени и диктати од страна на Грција, ниту закани од било каков вид и од било кого. Нашата борба за македонското прашање е неотповиклива , неприкосновена и безалтернативна и нема цена која ќе не натера да отстапиме од тоа.

Во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ во врвот на своите приоритети го има зацртано зачленувањето на Република Македонија во НАТО и ЕУ, но само под услов тоа да биде паралелно со задржувањето на идентитетот изразен преку формите наведени погоре и со компромис кој не го загрозува тоа и го одобруваат мнозинството на граѓани на Република Македонија и македонскиот народ.

Г-дин Али Ахмети вели дека сега е време, ние велиме дека секогаш е време, но не по цена на македонскиот идентитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.