https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/959661717517891/
Никола Србов на вечерашната прва прес конференција на ВМРО ДПМНЕ рече дека денешниот изборен ден покаќал како изгледа кога СДСМ оргаизира избори, истакнувајќи дека тој поминал со бројни нерегуларности и кршење на изборниот законик.
-Се узурпираа државни ресурси, се вршеше притисок, се поткупуваа гласачи, во Охрид се појавија ливчиња од Општина Карпош, а полициски џипови со симпатизери на СДСМ кружеа низ повеќе градови. Треба да бидеме само среќни што немаше жртви и повредни. За сите нерегуларности се направени записници и информирани се меѓународните претставници. Во моментов почнуваат да пристугнуваат резултатите кои ќе ги соопштиме кога ќе бидат сумирани, рече Србов.
На прашањето дали се разгледува опцијата изборните резултати да не бидат признаени, Србов рече дека подоцна јавноста ќе биде известена.