Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ од среда ќе почне со најавените протести

0
By Нова ТВ on September 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ од среда почнува со најавените граѓански протести, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

-На 9 септември, среда, ги повикувам граѓаните на протест. Протестот ќе започне во 18 часот. Појдовна точка ќе биде Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Имаме скапа струја, а сиромашен народ, рече Мицкоски истакнувајќи дека тоа е првата причина за која ќе протестираат.

Најави и дека протестот ќе биде прв во низата протести што ќе следуваат во следниот период.

-И токму поради тоа ќе протестираме. Тоа е причината поради која ќе излеземе со свои барања. И уште нешто, да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува.

Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо, рече Мицкоски.

Им порача, како што рече, на сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци оти е време за обединување и надминување на разликите против оваа власт која продолжува да се богати врз грбот на народот.

-И точно е имаме разлики, различни гледишта можеби и различни концепти. Ама и во Тетово, Битола, Штип или Скопје народот го обединува сиромаштија против која мораме заеднички да се бориме. И мораме да се спротиставиме на оваа мафија со активен отпор и на улица, на протести и да протестираме за секоја тема која ги мачи граѓаните.

И ова е отворен повик да се обединиме за да ја зачуваме државата и да ги заштитиме граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада а сиромашен народ. Мора да се избориме за систем, вредности и иднина. И како што реков, мафија не се руши со една битка, туку со многу битки и труд, а ова е почетокот на нивниот крај, истакна Мицкоски на прес-конференцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.