ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со информација дека победува во најголем дел од општините во Македонија и тоа со поголема разлика од она што го очекувавме, рече директорот на Центарот за комуникации, Илија Димовски.
Со огромни разлики победуваме во Гази Баба, Аеродром, Бутел, Радовиш, Штип со 2:1, во Виница со 2:1, во Кисела Вода разликата е поголема од 2:1.
ВМРО-ДПМНЕ победува во Свети Николе со 3:1, во Прилеп со 2:1, во Битола со разлика од 4 илјади гласа, во Крива Паланка со над илјада гласа, во Радовиш со над 3 илјади гласа, со голема разлика Конче, Валандово, Ресен, Гевгелија.
Во Центар и Велес има мртва трка и е изедначено со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ води во Крушево, води во Кривогаштани, после осум години власт на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ води со значителна разлика во Охрид, води во Пехчево, Василево, Илинден, победи во Вевчани, Дојран, води со 2:1 во Петровец, огромна разлика има во Македонска Каменица, Демир Капија, Росоман.