Разликата помеѓу оваа Влада и Владата на СДСМ е токму во бројката која сам ја споменува Кире Наумов – бруто домашен производ од 8,1 милијарди евра, наспроти скоро двојно помалиот резултат кои тие го постигнаа заклучно 2006 додека беа на власт, одговори ВМРО – ДПМНЕ на обвинувањата на опозицијата дека владата има истриски најголем долг.
– Македонија се гради и тоа се гради од темел – затоа што претходната гарнитура која беше на власт до 2006 година ни камен на камен немаше ставено. Градиме автопати, градиме училишта, болници, градинки, ТИРЗ во кои се градат фабрики. Со градењето освен што создаваме трајни вредност креираме работа за луѓето. Во ваше време невработеноста беше историска, над 37 осто. Ние ја намаливме за цели десет отсто. Креиравме нови 120.000 работни места, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
– Велите многу сме се задолжувале, но не кажувате за што. Земавме 505 милиони долари за изградба на автопатот Кичево – Охрид, земавме 278 милиони евра за изградба на автопатот Миладиновци – Штип, земавме 220 милиони евра за автопатот Демир Капија – Смоквица, земавме 160 милиони евра за рехабилитација на патишта, земавме 50 милиони евра за локални патишта, земавме средства за рехабилитација и на државните патишта.
– И за нас ќе беше убаво ако овие средства ги најдевме во Буџетот, доколку се беше изградено и функционираше добро. Но не беше така. Напротив. Ние ги отплаќавме дури и Вашите заостанати обврски, одговори владеачката партија.