Македонија е четврта најниско задолжена земја и тоа е факт, и секогаш кога Македонија ќе постигне некој завиден економски резултат СДСМ излегува со обвинувања и шпекулации, со единствена цел да покријат колку тие биле неуспешни кога биле на власт, е реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во однос на изјавите на Кире Наумов кој посочи дека Груевски и Ставрески манипулираат со бројките.
>> Наумов: Груевски и Ставрески ги фалсификуваат податоците од Статистика
– Да потсетиме, Кире Наумов, Ванчо Узунов и другите таканаречени економски експерти на СДСМ прогнозираа грчко сценарио и велеа дека Македонија ќе има негативни економски резултати за 2013 година. Наспроти тоа ММФ и Светската Банка велеа дека Македонија е ниско задолжена земја и проектираа економски раст кој е многу блиску до владините проекции и до она што беше реализирано, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СДСМ е главниот виновник што во Македонија има стечајци, како и тоа дека поради најголемата опозициска партија, затворени се 200.000 работни места.
– Во време на ВМРО-ДПМНЕ се отвараат нови фабрики се создадоа 119.000 нови работни места и уште ќе се отвараат, невработеноста се намали од 38% на 28% и во Македонија после толку време повторно се гради, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.