Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја потценува свеста на земјоделците

0
By Нова ТВ on February 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Станува збор за лажни обвинувања и манипулација говорат фактите во земјоделството, кои земјоделците најдобро ги знаат. Секој во Република Македонија знае дека во времето на СДСМ зборот субвенции за земјоделците речиси и да не постоеше, стои во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ленче Николовска.

– Наспроти нивните 3-4 милиони евра поддршка за земјоделството на годишно ниво односно вкупно 15 милиони евра за периодот од 2002 до 2006 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште првиот месец во 2006 година ја зголеми поддршката за субвенции во земјоделството која од година во година драстично се зголемуваше за да оваа 2013 година достигне 135 милиони евра, стои во соопштението.

Како поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која овозможи развој на земјоделството низ пристап базиран на постојани средби со земјоделците и градење на дијалог со сите засегнати страни во земјоделскиот сектор, се наведени и транспарентна постапка за распределба на земјоделското земјиште. До 2006 година биле склучени само 411 договори за вкупна површина од 98.150 хектари, а од 2006 до сега по разни основи склучени се вкупно 7.194 договори за државно земјоделско земјиште со површина од 55.220ха.

– Благодарение на оваа политика на Владата, за која СДСМ се обидуваше да не исмејува нарекувајќи не земјоделско – селска Влада и благодарение на големиот број мерки и проекти, денес во земјоделството се видливи конкретни резултати.

– За двојно е зголемен извозот на македонски земјоделски производи, кој во 2006 година изнесуваше 242 милиони евра а во 2012 е околу 500 милиони евра, значително е зголемен извозот на вино, кој во 2005 година изнесуваше 655.896 хектолитри или вредносно 28,9 милиони евра, а во 2011 достигна 968.002 хектолитри или 44,7 милиони евра, додека во 2012 година истиот е зголемен за повеќе од 10 %, а за повеќе од четири пати е зголемено производството на риба, што во 2006 година изнесуваше околу 400 тони производството на риба, а во 2012 година повеќе од 1.600 тони произведена риба, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.