СДСМ сака да создаде една нереална слика за економската состојба во државата спротивно, не на тоа што го тврди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, туку спротивно на тоа што го тврдат Меѓународниот Монетарен Фонд, Светска Банка и други релевантни меѓународни институции, реагира ВМРО – ДПМНЕ.
Република Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа во 2013 година според Светска Банка и ММФ.
Република Македонија има трет најголем пораст на економијата во Европа во 2013 година.
Република Македонија е лидер во Југоисточна Европа според Светската Банка, ММФ, ЕБРД, FITCH, Doing Business, Forbes.
Во Република Македонија невработеноста е намалена на 28,7% за разлика од времето на СДСМ кога оваа стапка на невработеност беше рекордни 38,5%.
СДСМ останува осамен во својата критика на економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Економските параметри, релевантните меѓународни финансиски институции, но и граѓаните на Република Македонија јасно кажуваат дека СДСМ не е во право кога зборува за економската состојба во државата, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.
По што следуваше рекација и од СДСМ: прашувме, зошто министерот за финансии Зоран Ставревски се крие зад ВМРО-ДПМНЕ?
Наместо со празни соопштенија, го повикуваме министерот Ставревски да одговори на конкретните прашања:
1. Колкава е моменталниот долгот на државата по основ на доспеани обврски за набавени стоки и услуги и поврат на ДДВ кон правните лица? Го потсетуваме министерот да не користи лаги како минатата година кога постојано тврдеше дека државата навремено ги регулира сите обврски. Неговите лаги тогаш ќе мора и оваа година да ги демантира премиерот и да призне дека долгот по овој основ е стотина милиони евра.
2. Дали Министерството за финансии и оваа година преговара со СБ за добивање на гаранција за ново задолжување кај меѓународните комерцијални банки? Го потсетуваме министерот дека мината година тврдеше дека неизгласувањето на оваа гаранција во парламентот, Македонија ќе ја чини 85 милиони евра. Затоа, тој инсистираше дека за тоа вреди да бидат тепани и исфрлени од парламентот пратениците од опозицијата. Ако оваа година Македонија не добие гаранција од СБ, и за задолжувањето се емитува еврообврзница, го прашуваме министерот дали ќе побара од својата колешка Јанкуловска да биде истепан лично самиот тој за направената штета од 85 милиони евра.
3. И покрај нелогичните податоци од страна на ДЗС, го прашуваме министерството за финансии зошто не ги усогласува своите податоци со оние кои ги објавува оваа институција. Имено, според ДЗС, до септември, БДП по тековни цени изнесува 5 милијарди и 600 милиони евра? Министерството цела година оперира со БДП за 2013 од скоро 8 милијарди евра. Тоа е манипулација која прераснува во лага со цел сите податоци да се покажуваат порозови. Реално, БДП за 2013 не може да биде поголем од 7 милијарди и 700 милиони евра, што ќе покаже дека и сега јавниот долг е над 35% а буџетскиот дефицит над 4% од БДП.