„СДСМ живее во минатото затоа и коментира резултати од минатата година. Годинава според податоците на Заводот за статистика, Македонија забележува раст на БДП на квартално ниво од 3,9%. И минатата година Македонија имаше еден од најдобрите економски резултати во Европа, а исто така сега со 3,9% раст на квартално ниво има трет најдобар резултат годинава“, реагира ВМРО – ДПМНЕ на пресот на Марјанчо Николов од СДСМ.
>>Николов: До кога оваа Влада ќе се фали со скапите реклами?
Тие велат дека годинава исто така според последните податоци на НБРМ забележуваме раст на странските директни инвестиции од 44%. Стапката на невработеност според последните податоци на Статистика е сведена на најниско ниво досега од 28,9%.
Кога СДСМ коментира статистички податоци зошто не ги коментира и овие? А уште полошо ќе поминат ако направат споредба со резултатите од нивно време, што не вреди веќе ни да се спомнуваат, смета ВМРО – ДПМНЕ.