Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ се согласи со СДСМ за кумановскиот директор

0
By Нова ТВ on July 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, инаку од Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) кој минатата година прегази човек и го напушти местото на несреќата, во понеделникот бил именуван за директор на поштата во Куманово.

Оваа информација ја даде портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов и обвини дека Јовановиќ наместо да одговара за тоа што усмртил човек, власта го унапредува и го наградува за послушноста и лојалноста кон партијата:

-Станува збор за Миодраг Јовановиќ, поранешен градоначалник на Старо Нагоричане, кој на македонската јавност и стана познат во април минатата година. Тогаш тој со службен автомобил го прегази триесетгодишниот Срѓан Лазаревиќ и побегна од местото на настанот без да му укаже помош. Неколку дена подоцна прегазениот им подлегна на повредите, а во јавноста остана да виси прашањето дали ако останел на местото на несреќата и повикал помош, Лазаревиќ ќе преживеел.

ВМРО-ДПМНЕ се согласи со критиките на СДСМ и денеска најави дека ќе покренат иницијатива за негова смена од кумановската Пошта:

ВМРО-ДПМНЕ во рамките на законските и институционални можности ќе покрене иницијатива за негова смена од раководна позиција. Иако станува збор за позиција која ја извршувал пред да стане градоначалник, лицето Миодраг Јовановиќ во овој момент, според сите етички норми, не треба да ја извршува истата функција, пишува во партиското соопштение.

Претседателот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ, од чии партиски редови доаѓа поранешниот градоначалник, вчера се обиде да го објасни именувањето на Јовановиќ, но на доста нејасен начин- прво рече дека поранешниот градоначалник се уште не е именуван на оваа позиција, но призна дека постапката е во тек.

Потоа објасни дека не треба да биде спорно именувањето на Јовановиќ за в.д. раководител на Поштата – Куманово, бидејќи тој и пред да стане градоначалник бил на ова работно место, за на крајот да каже дека веќе се бара ново кадровско решение за раководната позиција во Поштата – Куманово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.