Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ собира потписи, Владата ветува независна статистичка операција, Пендаровски предлага попис во мај

0
By Нова ТВ on February 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Власта со став дека пописот на населението, домаќинствата и становите што треба да се спроведе во април годинава, ќе ги даде сите потребни одговори за обезбедување квалитетни статистички податоци, клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата. Претседателот Стево Пендаровски, пак, синоќа изјави дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира. Опозицијата, пак, од денеска собира потписи за поништување на Законот за попис.

Од Владата вчера исто така потсетија дека пописот не е и не смее да биде политичка операција, туку независна статистичка операција, организирана согласно стандардите не ОН и според правилата на Евростат, статистичка операција која ни недостига речиси 20 години.

– Пописот годинава ќе се спроведе со значително помалку средства споредено со последниот неуспешен обид за попис, поевтино од што се предлагаше, а се спроведува со најмодерните алатки и технологии. Пописот е задолжителна активност и законска обврска за сите лица и домаќинства, соопшти Владата.

Оттаму потсетуваат дека Поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите со ЕУ, и оти со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Посочија дека методологијата и темите на пописот се дефинирани од страна на меѓународните статистички тела и се рефлектираат и во законодавството на ЕУ.

Нагласуваат дека пописот 2021 првпат дава можност да се попишат и нашите граѓани и нивните домаќинства во странство, што ќе овозможи давање приказ на миграциските движења, што е добра основа за градење стратегии и политики за успешно запирање на овој процес.

Претседателот Пендаровски, пак, смета дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира.

-Со ова се обидувам да направам мост меѓу двете политички опции. Тврдам дека политичката поларизација ја уназадува нашата држава повеќе од се друго. Проблем ли е да ги повикаш твоите да не прават бојкот или пописот да биде во мај или јуни. Да си подадеме рака. Не гледам причина зошто пописот да не се одложи за месец или два. Сосема легитимни се барањата од аспект на здравството. Ако сме чекале 20 години, нема да е грев да биде во мај или јуни, но да го направиме за да нема воопшто страв кај граѓаните поради ковидот, рече Пендаровски.

Бојкотот на пописот, оцени Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ може само да и нанесе повеќе штета. Според него, поиздржано би било да не се признаат резултатите, отколку да се бојкотира процесот.

За шефот на државата небулозни се обвинувањата дека Заев и Ахмети договориле штелувани резултати на пописот за да има 32 отсто Албанци во државата. Пописот, според него, е најдобро да се одржи по класичниот метод, од куќа до куќа, но добро е да биде засилен и со новите методологии.

Во несогласувањето и критиките околу врзаниот потпис, тој препознава нечија скриена политичка агенда. „Фамозниот двоен потпис“, оценува претседателот, има политичка логика која произлегува од 2001 година, од Рамковниот договор. Тој е дециден дека двојниот потпис е раритет во Европа, но и Рамковниот договор, нагласува, е раритет.

-Очигледно некој има скриена агенда што не сака да ја соопшти и тука всушност се случува политизацијата на пописот. Сметам дека од повикот на бојкот ќе има штета онаа етничка заедница за која се залагаш, а можно е на крај на пописот некои политички субјекти да кажат дека не ги признаваат резултатите, тоа е легитимно. Со бојкотот ќе се направи голема политичка штета, нема да добиеш ништо, туку ќе изгубиш, потенцира претседателот, но сепак признава дека имало неколку издржани решенија од опозицијата во однос на Законот за попис кои не биле прифатени од власта.

ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со собирање потписи за поништување на Законот за попис.

-Во текот на завчерашниот ден со Извршниот комитет беше донесена одлука за да започне Иницијативата за собирање на потписи. Се почнува со Иницијатива за собирање 100 потписи во подрачните едниници на Државната изборна комисија. Откако ќе се соберат 100 потписи се доставуваат до спикерот во Собранието, а потоа иницијативата се препраќа во матични комисии. Откако ќе се констатира комплетноста на првите 100 потписи тогаш се известува претседателот на Собранието, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека по ова течат натамошните постапки за собирање на потписи за поништување на Законот за попис.

Формалното собирање потписи, како што рече, би можело да се очекува на почетокот на следниот месец.

Партијата, вели дека останува на ставот дека попис со теренски посети во услови на пандемија не треба да има и како пример ги наведе Хрватска, Бугарија, Германија и Романија кои ја одложија операцијата поради пандемијата.

Мицкоски повтори дека пописот, доколку веќе власта инсистира да се спроведе, најдобро би било да биде електронски за да се заштити здравјето на граѓаните.

Наспроти барањето на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис, од СДСМ со став дека таков вид на статистичка операција нема да ги даде комплетните податоци какви што се потребни и кои треба да бидат според стандардите на Евростат. Од оваа партија предлагаат комбиниран попис.

-За да ги добиеме сите релевантни податоци потребен е комбиниран модел на попис, односно преку вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен, со податоците од базите кои што веќе постојат во државата, да се добие целосен преглед за податоците кои се неопходни, но не се опфатени со електронските бази. Затоа само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди, изјави пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи завчера на средба со директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски разговарале за начинот и постапката на која ќе се попишува нерезидентното население.

– Сите ние, без исклучок, имаме обврска овој процес да го реализираме ефикасно и најодговорно, согласно нашите надлежности. Демократските општества не можат да функционираат правилно без солидна база на сигурна и објектива статистика. Пописот гарантира демократска, правична и одржлива политика која произлегува од граѓаните и наменета за граѓаните, истакнал Османи, дополнувајќи дека капацитетите на целото министерство и дипломатско-конзуларните претставништва ќе бидат ставени во функција за спроведување на успешна пописна операција за нерезидентното население.

Согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија во 2021, покрај државјаните на земјата кои се присутни во државата за време на пописот, ќе се попишуваат и државјаните кои се нерезидентните граѓани, односно оние кои во периодот на пописот се надвор од земјата.

Законот за попис беше усвоен на 21 јануари со којшто се предвидува најголемата статистичка операција да се одржи од 1 до 20 април годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.