Ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту делегација предводена од најголемата опозициска партија нема да присуствува на 2 Август на Мечкин Камен. Ова денеска го потврди партискиот лидер Мицкоски.
– Делегацијата нема да биде на дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Пендаровски, изјави денеска Мицкоски.
Мицкоски рече дека утре тој ќе присуствува во струшко Ташмаруништа, каде ќе има свој говор.
Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да има говор на Мечкин Камен.
Пендаровски ја објави програмата за чествувањето на Илинден на Мечкин Камен