Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ ништо не се менува

0
By Нова ТВ on June 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новото раководство на СДСМ не е никакво изненадување. Во него се наоѓаат лица кои или долго време, во последните дваесетина години, обавуваат високи функции во СДСМ, повеќе луѓе кои биле членови на кабинетот на Бранко Црвенковски или луѓе кои дошле во раководството заради фамилијарни и лични релации со досегашни политички и бизнис тајкуни од СДСМ, соопштуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

– СДСМ ја испушти шансата да понуди комплетно нова политичка и кадровска понуда. Место тоа, тие понудија за членови на раководството луѓе на Бранко Црвенковски, луѓе на Радмила Шеќеринска и луѓе кои јавноста ги знае по нивно учество во многу погрешни политики на СДСМ.

– За Потпретседател на СДСМ е избран Ванчо Узунов, долгогодишен советник на Црвенковски во време кога тој ја извршуваше функцијата Претседател на РМ. По Конгресот во Охрид во 2009 година Бранко Црвенковски го поставува за претседател на економско социјалниот совет на СДСМ. Тој важи за ревносен и гласен поддржувач на економските политики на Бранко Црвенковски. Токму тие политики со кои на Македонија и се нанесоа најголеми штети.

– Исто така како долгогодишен советник и соработник на Црвенковски, во ова раководство на СДСМ место обезбеди и Рената Тренеска Дескоска. Таа беше дел и од минатото раководство кога во СДСМ беше избрана да биде член на ЦО и ИО, како и член на советот на СДСМ за политички систем. Позната е во СДСМ по френетичното поддржување на сите политики со кои Црвенковски правеше деструкција на правната држава.

– Демек независниот новинар и демек независниот Претседател на ЗНМ, Роберт Поповски, сега советник на Заев. Него го паметиме по кампањата “Овде сме тепајте“, кампања против Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски, сегашни коалициони партнери на СДСМ. Се нетрпение очекуваме да ја видиме соработката помеѓу Роберт Поповски и Љубчо и Љубе, соопштуваат од ВРО – ДПМНЕ.

Според нив, новото раководство на СДСМ е само шминка која треба да ја затскрие болната реалност за оваа партија. Но лицето се гледа. На тоа лице се луѓето на Црвенковски, луѓето кои се со години во раководството на СДСМ, нивните деца и зетовци, бизнис олигарсите на СДСМ и квази-независните новинари и невладини активисти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.