Тито Беличанец: Македонија во Отоманската империја имаше поголема локална управа. Без пари од Портата. Како денешнава во која ВМРО ДПМНЕ се задолжи со кредит и со проектчиња од типот улици, градинки, училишта, здравствени објекти, спортски сали и терени и дури и трговски центар ќе прочарда 250.000.000 евра до локалните избори во ноември оваа година. Не се спорни објектите и нивната оправданост. Спорна е нивната злоупотреба во предизборната кампања на локалните. Сите тие се градат со државни пари од кредит кошто ќе го враќаат сите граѓани без разлика на политичка, партиска, национална и верска припадност. Секое почнување на градбите е прва вест на МТВ1 и на сите ВМРООНСКИ ТВ. Во демократска држава овој вид наместени и потплатени локални избори се против уставни и би биле прогласени за нерегуларни, т.е. наместени со државни пари.
Извор: Фејсбук