Колку и да настојува СДСМ не може ништо против фактот дека Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа, реагира ВМРО – ДПМНЕ по прес конференцијата на СДСМ за новите задолжувања на владата, кое според нив е двојно поголемо од она што го најави министерот за екомномија.
СДСМ: Новото задолжување е двојно поголемо од најавеното
„Она што најмногу изненадува е дека иако толку години беа на власт и работеа на ист принцип, сега се бунат против издавањето на државни хартии од вредност.
– Дополнително, вака функционираат сите светски економии, тоа е нормална пракса на буџетско работење. Нелогично е СДСМ да се буни против нешто што е нормално функционирање на една пазарна економија, бидејќи сите пазарни економии во светот така функционираат.
– Ова ни остава простор да се посомневаме дека целта на СДСМ е преку наметнување лажни информации во јавноста да го спречи редовното исплаќање на пензии, плати субвенции, испалата на обврски кон стопанството, капитални инвестиции…“, велат во ВМРО – ДПМНЕ.