Сите опции се отворени откако пропадна и последниот обид на ад хок комисијата да се расчистат случувањата од 24 декември.
Порталот Прес 24 повикувајќи се на свои извори во ВМРО-ДПМНЕ објавува дека целосно се неточни информациите дека останало отворено само прашањето за исфрлањето на новинарите од собраниската сала.
Изворите на Прес 24 велат дека сведоци за тоа се претставниците на меѓународната заедница, а таквите брифинзи од како што велат, опозициските претставници се само обид за додворување пред новинарската фела.
Денеска биле исцрпени сите обиди да се најде финалниот извештај и дека не се планираат нови средби како и дека во индина, сите опции се отворени.
Од ВМРО – ДПМНЕ нема објаснување, што значи ставот, „Сите опции се отворени“ но нема ниту демант дека уште пред Нова Година можно е одржување на предвремени парламентарни избори.