На Самитот одржан во Република Словачка, претседателот на Република Србија Томислав Николиќ и претседателот на Република Косово г-ѓа Атифете Јахјага седеа заедно, што беше поздравено од целата меѓународна јавност, бидејќи претставува редок пример за позитивен пресврт во нормализирањето на севкупните односи на двата народа, се вели во денешното соопштение на ВМРО-Народна партија.
ВМРО Народна партија го поздравува овој чин како единствен начин кој носи просперитет и благосостојба за двата народa.
Имајќи ја таа слика пред нас денеска неможеме а да не го запрашаме претседателот Горѓи Иванов што направи пред десетина дена на Самитот во Охрид, компромитирајќи ја Македонија со своите постапки.
Дали Горѓи Иванов како и неколку пати порано само докажува дека е поголем чувар на српските интереси и од самиот српски претседател?
За жал ВМРО Народна партија може да констатира дека лажни биле нашите надежи дека г-дин Горѓи Иванов ја надминал својата југословенска фаза на која сите добро се сеќаваме.
Со оваа дистанца од само десет дена многу впечатливо се гледа дека претседателот на Републиката има проблем во разбирањето, што е тоа изворен македонски државен интерес.