НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внатрешниот долг на земјава за три месеци е зголемен за 25,5 милиони евра

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2025 ЕКОНОМИЈА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Според новите податоци од Министерството за финансии доспеаните, а неплатени обврски на државните ЈП и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминаа 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра
13 мај 2025.
Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините – покажува споредбената анализа на „Порталб“ врз основа на податоците од првиот квартал од годинава во однос на последниот од лани. На крајот на март „внатрешниот “ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра.

Државните ЈП и фирми „лидери“ според долгот – над 358 милиони евра

Министерствата, општините, јавните претпријатија на централно ниво, државните фирми и јавното здравство за три месеци или во првиот квартал од годинава, во споредба со последниот од минатата ги зголемиле долговите. Според новите податоци од Министерството за финансии доспеаните, а неплатени обврски на државните ЈП и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминаа 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра. Според висината на доспеаните, а неплатени долгови се општинските јавни претпријатија со износ од 111,4 милиони евра, но кај нив има намалување од 2,3 милиони евра.

На трето место со доспеани, а неплатени обврски се општините чиј долг на крајот на март надминаа 63 милиони евра и за три месеци се зголемени за 2,6 милиони евра. На четврто место со неплатен долг од 59,8 милиони евра се Јавните здравствени установи и овие обврски во однос на последниот квартал од лани кога изнесувале 54,3 милиони евра, се зголемени за 5,4 милиони евра. Долгот на буџетските корисници од прва линија (министерства и институции кои се под нивна надлежност) е скоро 16 милиони евра и за три месеци е зголемен за 2,2 милиони евра.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Сумираните податоци покажуваат дека на пример само oпштините и jавните претпријатија формирани и менаџирани од локалните власти, заедно должат дури 174,8 милиони евра.

Половина на внатрешниот долг отпаѓа на само 5 државни фирми

Првите пет места на новата „должничка“ листа на Министерството за финансии се „резервирани“ за пет фирми под државна „капа“. На прво место со доспеани, а неплатени обврски во износ од 88,4 милион евра е „Номагас“ АД Скопје, на второ место со долг од 74,5 милион евра е АД МЖ „Транспорт“, на трето место со 59,1 милион евра е државната ЕСМ – електрани, следува ЈП МЖ – инфраструктура со долг од скоро 59 милион евра и на петто место е државната ЕСМ – дистрибуција со доспеани а неплатени обврски на крајот на март во износ од 33,7 милиони евра

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Доспеаниот, а неплатен долг само на овие пет компании менаџирани од државата изнесува 314,7 милиони евра што претставува половина од вкупниот внатрешен долг што го пријавиле сите институции, јавни претпријатија, министерства, агенции, здравство, образование, култура, судство, општини…

На крајот на март „внатрешниот“ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра и во споредба со последниот квартал од лани, или за три месеци, тој е зголемен за 25,5 милиони евра.

Текстот е сопственост на Мета.мк

внатрешен долг зголемен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.